Јасен (резерват)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јасен
Заштитено подрачје
Езерото Козјак во резерватот Јасен
Земја  Македонија
Највисока точка
 - местоположба Караџица
 - височина 2.500 м
 - координати 41°47′30″N 21°25′29″E / 41.79167° СГШ; 21.42472° ИГД / 41.79167; 21.42472
Најниска точка
 - местоположба ез. Матка
 - координати 41°56′24″N 21°18′20″E / 41.94000° СГШ; 21.30556° ИГД / 41.94000; 21.30556
Површина 240 км2
Основан 1958 (2010)
Раководство ЈПУ ЗПП „Јасен“
Портал: Матична страница
Јасен во рамките на Македонија
Јасен
Местоположба на резерватот „Јасен“ во Македонија

Јасенприроден резерват во северозападна Македонија прогласен во 1958 година, најпрвин само на планината Караџица, а во 1960 година е проширен и на Сува Гора. Опфатен е целиот кањон на реката Треска. Резерватот зафаќа површина од 24.000 ха. Највисока точка е врвот Караџица (2.473 м). Геолошката подлога е доломит со тенки слоеви од лискун. На теренот е вештачкото езеро Козјак и повремено тече реката понорница Оча и нема други води. Од флората се заштитени Viola koshaninii, Thymus oehmianus, Dianthus kapinensis и др. Од животните има дива коза, мечка, рис и др., а од птиците – лештарка (Tetrastes bonasia), белоглав мршојадец (Gyps fulvus), був (Bubo bubo) и др.[1]

Резерватот Јасен покрива околу 32.000 квадратни метри површина најчесто со шума и патишта, како и голем број на пократки неасфалтирани патeки. Освен од лов, Јасен својата иднина ja гледа во развојот на природните ресурси и на екотуризмот. Главни активности (во зависност од сезоната) се пешачење, планински велосипедизам, кампување покрај езерата Матка и Козјак, параглајдерство, риболов, спелеологија, алпинизам.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хаџи Пецова, Стефанка; Михаило Зиков, Пене Пенев, Душан Манаковиќ, Раде Дренковски, Илија Дроздовски, Вера Коробар, Бисерка Филипова, Стефан Бужаровски, Малинка Ристевска Јорданова (1999). Планинскиот масив Јакупица: истражување и вреднување на природното богатство. Скопје: Студентски збор. стр. 209.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]