Јасеново
| Јасеново | |
Воздушен поглед на селото | |
| Координати 41°29′48″N 21°44′48″E / 41.49667°N 21.74667°E | |
| Регион | |
| Општина | |
| Област | Клепа |
| Население во атар1 | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
| Пошт. бр. | 1414 |
| Повик. бр. | 043 |
| Шифра на КО | |
| Надм. вис. | 658 м |
Објаснувања за населението 1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
| |
Јасеново — историско село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Денес, на местото на селото се изградени многу нови куќи, а таму се наоѓа и специјалната болница „Јасеново“.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во северните падини на планината Бабуна, на 2 километри источно од патот Прилеп-Велес, јужно од селото Владиловци и денес лежи во неговиот атар.
Во некогашниот атар на историското село Јасеново, работи истоимената специјална болница за белодробно заболувања и туберкулоза.
Население
[уреди | уреди извор]Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година, Јасеново е посочено како село со 6 домаќинства со 25 жители Македонци.[2][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јасеново живееле 110 жители, сите Македонци.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јасеново имало 88 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
На етничката карта од 1927 година, Леонард Шулце Јена Јасеново го навел како напуштено село.[6]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Јасеново било село во Велешката Каза на Отоманското Царство.
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Јасеново
- Никола Јасеновец — револуционерен деец, починат пред 1918 г.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Патокази до специјалната болница „Јасеново“
- Новоизградени куќи во месноста на поранешното село Јасеново
- Воздушен поглед на болницата „Јасеново“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 180-181.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 158.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 118-119.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||

