Караѓорѓевиќи
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Династија Караѓорѓевиќ | |
|---|---|
| Земја | Србија, Југославија |
| Прпадност | Српска |
| Основана | 1804 |
| Основач | Караѓорѓе Петровиќ |
| Тековен владетел | Александар II Караѓорѓевиќ |
| Последен владетел | Петар II Караѓорѓевиќ |
| Титули | Принц на Србија, Крал на Србија, Крал на Србите, Хрватите и Словенците, Крал на Југославија |
| Имот | Србија и Југославија |
| Распад | 1945 |
Караѓорѓевиќ се српска кралска династија која владеела со Србија (а потоа и со кралствата СХС и Југославија). Нејзин владетелски претходник е династијата Обреновиќ. Караѓорѓевиќи се крвно поврзани со првата српска влатеделска династија - Немањиќите.
Родословие
[уреди | уреди извор]| Слика | ТитулаИме | Владеење | Белешки |
|---|---|---|---|
| Вожд Караѓорѓе Петровиќ | 15 февруари 1804 – 21 септември 1813 | Водач на Првото српско востание. Востанието било задушено. | |
| Кнез на Србија Александар | 14 септември 1842 – 23 декември 1858 | Абдицирал. Династијата Обреновиќ се вратила на власт. | |
| Крал на Србија; Крал на Србите, Хрватите и Словенците Петар I | 15 јуни 1903 – 16 август 1921 | Во егзил од ноември 1915 поради Српската кампања. Бил прогласен за крал на Србите, Хрватите и Словенците на 1 декември 1918. | |
| Крал на Србите, Хрватите и Словенците; Крал на Југославија Александар I | 16 август 1921 – 9 октомври 1934 | Ја променил титулата во “крал на Југославија“ во 1929. Убиен во Марсеј. | |
| Кнез-намесник на Југославија Павле | 9 октомври 1934 – 27 март 1941 | Кнез-намесник за Петар II. | |
| Крал на Југославија Петар II | 9 октомври 1934 – 29 ноември 1945 | Кнезот Павле бил намесник до пучот на 27 март 1941; во егзил од 17 април 1941, а монархијата била укината на 29 ноември 1945. |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница на кралската фамилија Караѓорѓевиќ
- Стари фотографии од Караѓорѓевиќи Архивирано на 11 ноември 2007 г.
