Династија Обреновиќи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Династија Обреновиќи
Coat of Arms of the Obrenovic Royal Family.png
Претходна династија Мартиновиќ, Орловиќ
Земја Србија
Прпадност Срби
Основана 1815
Основач Милош Обреновиќ I
Тековен владетел изумрени
Последен владетел Александар Обреновиќ
Титули кнез, крал
Имот Србија
Распад 1903

Обреновиќ (српски: Обреновићи) биле српска владетелска династија во периодот помеѓу 1815-1903, со исклучок на 1842-1858 година. Според едно предание, претците на Обреновиќи се доселиле од Бањани во Брусница во 1700 година, а потекнувале од Копривица.

Нејзин основач бил кнезот Милош Обреновиќ, водач на Второто српско востание, а последен владетел од оваа династија бил Александар Обреновиќ. Во текот на владеењето на династијата Обреновиќи, Србија се стекнала со независност за време на Берлинскиот конгрес, а во март 1882 година било прогласено Кралството Србија.

Освен владетелите, значајни членови на династијата се и нивни сопруги се: кнегињите Љубица и Јулија, кралиците Наталија и Драга, потоа браќата на кнезот Милош - Јован и Јеврем Обреновиќ, како и војводата Милан Обреновиќ. Меѓу познатите членови на оваа династија се вбројува и Велимир Михаило Теодоровиќ, вонбрачен син на кнезот Михаило.

Владетели[уреди | уреди извор]

Семејно дрво[уреди | уреди извор]

Obrenovici.jpg

Семејното дрво на Обреновиќи започнува со Обрен Мартиновиќ (?-1777) и Вишња (?-1817), од фамилијата Урошевиќ или Гојковиќ, тие својот брак го склучиле во 1765 година и имале двајца сина и една ќерка: Јаков, Милан и Стана. Обрен бил од Брусница, а Вишња од Долна Трепча. По смрта на Обрен, Вишња се омажила за Теодор Михајловиќ од Горна Добриња, а со него ги имала синовите Милош (идниот кнез), Јован и Јеврем. Подоцна, Јаков и Милан ја повикале својата мајка во Брусница со децата од својот втор брак. Милош, Јован и Јеврем го прифатиле презимето на своите полубраќа - Обреновиќ, меѓутоа го додале и презимето на својот татко - Тодоровиќ.

Тодор Михајловиќ е закопан во Горна Добриња во црквата св. Петар и Павле која била изградена од кнезот Милош на местото на постара црква [1]. Јаков Обреновиќ со сопругата Ѓурѓија и Милан Обреновиќ со сопругата Стоја, се закопани во црквата св. Никола во Брусница.

Гробовите на Обреновиќи во Брусница
Споемник Таковско востание
Вилата на Обреновиќи во Смедерево
  1. Јаков Обреновиќ (1767-1817). )Оженет со Ѓурѓа (?-1847) [2]
    1. Самуил Јаковљевиќ (?-1824), архимандрит каленички
    2. Петар Јаковљевиќ (загинал 1812. - без потомци)
    3. Ѓорѓе Јаковљевиќ
      1. Грујица Јаковљевиќ [3]
        1. Петар Јаковљевиќ
          1. Милош Јаковљевиќ
            1. Станимир Јаковљевиќ
              1. Србољуб Јаковљевиќ
              2. Слободан Јаковљевиќ [1]
    4. Мирјана, омажена за Стевче Михаиловиќ, имале три ќерки
    5. Ружа
    6. Димитра (1818-1878), омажена за Трифун Новаковиќ во Брусница [4][5]
      1. Михаило Новаковиќ (1849-1929)
        1. Милорад Новаковиќ (1901-1967)
          1. Милутин Новаковиќ (1925-)
  2. Милан Обреновиќ (?-1810), војвода на рудничката нахија. Био оженет со Стоја (?-1813)
    1. Христифор Обреновиќ (?-1825)
  3. Стана Обреновиќ, омажена за Сава Николиќ во Добриње.
  4. Милош Теодоровиќ Обреновиќ (1780-1860), кнез на Србија. Бил оженет со Љубица Вукомановиќ (1788-1843).
    1. Петрија Обреновиќ (1808-1871), омажена во 1824 година за Теодор Бајиќ од Варадиј.
    2. Савка (Јелисавета) Обреновиќ (1814-1848), омажена во 1831 година за Јован Николиќ од Рудна (1810-1880).
    3. Милан Обреновиќ (1819-1839), кнез на Србија
    4. Михаило Обреновиќ (1823-1868), кнез на Србија. Бил оженет за Јулија Хуњади (1831-1919), грофица.
      1. Велимир Михаило Теодоровиќ (1849-1898), вонбрачен син на Михаило со Марија Бергхаус.
    5. Тодор Обреновиќ (умрел како дете)
    6. Марија Обреновиќ (умрела како дете)
    7. Габријела Обреновиќ (умрела како дете)
  5. Јован Теодоровиќ Обреновиќ (1787-1850), гувернер на рудничкиот и пожечкиот дистрикт. Бил оженет со Круна Михаиловиќ (?-1835), подоцна со Ана Јоксиќ (1818-1880).
    1. Обрен Обреновиќ (1818-1826)
    2. Јелисавета (Савка) Обреновиќ (1828-1834)
    3. Анастасија Обреновиќ (1839-1933), во 1858 година се омажила за Теодора Алексиќ (1825-1891)
    4. Ермила Обреновиќ (1844-1918), во 1860 година се омажила за Никола Чупиќ, подцна во 1867 година се омажила за Тихомир Тешу Николиќ (1832-1886)
  6. Јеврем Теодоровиќ Обреновиќ (1790-1856), обор-кнез на шабачката нахија. Бил оженет со Томанија Богичевиќ (1796-1881).
    1. Милош Јеврема Обреновиќ (1829-1861). Бил оженет со Елена Марија Катарџи (?-1879).
      1. Милан Обреновиќ (1854-1901), кнез и крал на Србија. Бил оженет со Наталија Кешко (1859-1941).
        1. Александар Обреновиќ (1876-1903), крал на Србија. Бил оженет за Драга Луњевица (1867-1903).
        2. Сергеј Обреновиќ (1878-1878)
        3. Ѓорѓе Обреновиќ (1889-?), вонбрачен син на кралот Милан и Артемиза Христиќ.[6]
          1. Стефан Обреновиќ
            1. Панта Обреновиќ (?-2002), основач и претседател на „Фонадцијата Обреновиќ“ во Париз.[7]
      2. Томанија Обреновиќ (1852)
    2. Јелена (Јелка) Обреновиќ (1818-?), омажена во 1834 година за Константин Хадиј
    3. Симка Обреновиќ (1818-1837), омажена во 1834 година за Јанаќ Германи
    4. Анка Обреновиќ (1821-1868), омажена во 1842 година за Александар Константиновиќ
    5. Катерина Обреновиќ (1826-1848)
    6. Стана Обреновиќ (1828-1842)

Династијата Обреновиќи денес официјално нема машки потомци. Меѓутоа, постојат потомци на Јаков Обреновиќ по машка линија, тие во 1851 година го промениле своето презиме во Јаковлевиќ поради динстичкиот судир со Караѓорѓевиќите. Пред општинскиот суд во Горњи Милановац, Србољуб и Слободан Јаковлевиќ докажале дека се директни потомци по прва машка линија на Јаков Обреновиќ, братот на основачот на династијата [1].

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]