Историја на Србија
Дел од темата |
---|
Историја на Србија |
Портал: „Србија“ |
Праисторија на Србија
[уреди | уреди извор]Античка Србија
[уреди | уреди извор]Среден век
[уреди | уреди извор]Србија во Османлиското Царство
[уреди | уреди извор]Територијата на денешна Србија во составот на Османлиското Царство била во периодот од 15 век до XX век. Во составот на империјата најпрвин биле вклучени југоисточните делови на Србија, околу градот Ниш. Веќе во 1459 година целото српско деспотство, а во периодот од 1526 до 1552 година и цела Војводина.
Османлиското Царство издвојувала големи победи во Маричката битка во 1371 година и Косовската битка во 1389 година.
Маричка битка
[уреди | уреди извор]Маричката битка се одиграла на реката Марица близу до селото Черномен (денес Орменио во Грција) на 26 септември 1371 година помеѓу Отоманската војска предводена од Лала Шахин Паша и српските и бугарските сојузници предводени од српскиот крал Волкашин Мрњавчевиќ и неговиот брат, деспотот Јован Углеша. Деспотот Углеша сакал да ги нападнат Турците ненадејно во нивното упориште Едрене, додека султанот Мурат I бил во Мала Азија. Отоманската војска била многу помала од српската и бугарската која броела околу 70.000, но благодарение на тактиката со ноќен напад врз кампот на противниците, успеале да ја поразат христијанската војска и да ги убијат кралот Волкашин и брат му Углеша.
Косовска битка
[уреди | уреди извор]Косовска битка е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии. Bитката се одиграла на Видовден - 15 јуни според јулијанскиот, односно на 28 јуни 1389 година според грегоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија. Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до Балканските војни т.е. до 1912.
Србија под Австриска власт
[уреди | уреди извор]Кон крајот на 17 век, силите на Австриското Царство ги поразиле Османлиите. Во времето кога српската територија станала повторно упориште на австриската власт, српските војници активно се вклучиле во австриската армија. Тогаш, Османслиското Царство ги изгубило сите територии во подунавско, Северна Србија и Северна Босна, делови од Далмација, Мала Влашка и Пелопонез. Од 1718 година, Хабсбуршката династија го добила и Белград во својот состав.
Прво српско востание
[уреди | уреди извор]Второ српско востание
[уреди | уреди извор]Кнежевство Србија
[уреди | уреди извор]Кралство Србија
[уреди | уреди извор]Кралството Србија била држава која егзистирала на Балканот од 1882 од 1918 година. Била признаена како Принципал Србија според Берлинскиот конгрес од 1878 година.
Балкански војни
[уреди | уреди извор]Кралство Југославија
[уреди | уреди извор]Кралството Југославија било кралство на Балканот коешто постоело од почетокот на Првата светска војна до почетокот на Втората светска војна. Се простирало на териториите на денешните држави: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и најголемиот дел од денешна Словенија и Хрватска. Во текот на своите почетни единаесет години било познато како Кралство на Србите, Хрватите и Словенците.
Во оваа држава биле признати само трите народи додека останатите биле национално обесправени поради што ќе се појави незадоволство.Државата била претежно аграрна земја и ви такви нестабилни политички проблеми а под влијание на октомвриската револуција ќе се појави револуционерно комунистичко движење на чело со КПЈ-комунстичка пајтија на југославија. На првите парламентарни избори за уставотворно собрание најмногу гласови добиле југословенската демократска партија,народната радикална партија и комунистичката партија.Поради огромниот успех на комунистите во 1920 година во државата бил донесен реакционерниот акт - обзнана со кој се забранилча работата на КПЈ.
СФРЈ
[уреди | уреди извор]Социјалистичка Република Србија била држава во сотавот нс СФРЈ. СР Србија била најголема држава во склоп на СФРЈ по население и површина. Главен град на републиката бил Белград а воедно и најголем град во републиката. СР Србија била составена од две покраини и тоа: САП Косово и САП Војводина. Од 1992 до 2003 републиката беше позната како СР Југославија во чиј состав влегувала и Црна Гора, а од 2006 навака Србија е независна држава во чиј состав влегува и Војводина. Косово е самопрогласена република призната од мал бројна држави.
СР Југославија
[уреди | уреди извор]Војната во Босна
[уреди | уреди извор]Косовската криза
[уреди | уреди извор]НАТО бомбардирање и падот на Милошевиќ
[уреди | уреди извор]НАТО-вото бомбардирањето на Сојузна Република Југославија е воена операција на НАТО против Сојузна Република Југославија што траела од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.
При бомбардирањето НАТО вршешел напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин тешко биле оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Цивилните жртви изнесувале околу 500-1200 загинати. Економската штета се проценува на 30 милијарди долари. На 9 јуни СРЈ и НАТО во Куманово потпишуваат договор за примирје со кој се стави крај на бомбардирањата. Според договорот на територијата на Косово треба да се разместат 45.000 војници предводени од НАТО и со мандат од Обединетите Нации. Во врска со тоа се постигнува согласност Советот за Безбедност на ОН да донесе соодветна резолуција. Врз основа на тоа, на 10 јуни е усвоена Резолуцијата 1244.
Србија и Црна Гора
[уреди | уреди извор]Србија и Црна Гора (или скратено СЦГ) е поранешна федерална држава составена од Србија и Црна Гора настаната во 2003 со преминот на Југославија (остатокот од неа во текот на ’90-те) во лабава конфедерација. Србија и Црна Гора била сместена во западно-централниот дел на Балканскиот Полуостров, северно од Република Македонија. Државата се распаѓа на 3 јуни 2006 година како резултат на исходот од референдумот за независност на Црна Гора (објавен на 21 мај 2006).
Република Србија
[уреди | уреди извор]
|
|