Милан Обреновиќ II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милан Обреновиќ II
кнез на Србија
Портретот
Владеење13 јуни - 8 јули 1839 год.
Полно имеМилан Обреновиќ
Звањакнез
ПретходникМилош Обреновиќ I
ДинастијаОбреновиќ
ТаткоМилош Обреновиќ I
МајкаЉубица Обреновиќ

Милан Обреновиќ II [белешка 1] (српски: Милан Обреновић, 21 октомври 1819 - 8 јули 1839) бил кнез на Србија и прв престолонаследник на династијата Обреновиќ [1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Милан бил најстариот син на Милош Обреновиќ I и кнегињата Љубица, брат на кнезот Михаило. Иако целиот свој живот бил болежлив и немал систематско образование, делимично успеал да изгради политички погледи и разбирања, меѓутоа неговата болест со текот на времето го спречила неговиот развој и дејност. На престолот дошол по абдикацијата на својот татко Милош и владеел до 8 јули 1839 година, кога починал. Поради болеста како и спротиствувањето на Советот, немал можност како кнез да потпише ниеден акт. Во историјата на современа Србија е запаметен како владетел со најкраток владетелски период (25 дена). Доњи Милановац е именуван според него.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Треба да се истакне дека редоследот на кнезовите од династијата Обреновиќ се одредува според презимето, а не од името како во западните монархии. Според западната традиција името на Милан би требало да биде Милан II Обреновиќ. Пример: Михајло, според западната логика требало да дојде на престолот под името Михајло I, меѓуто според српската историографија тој се именува како Михајло Обреновиќ III, бидејќи бил третиот Обреновиќ кој владеел.