Караѓорѓе Петровиќ
Караѓорѓе Петровиќ Đorđe Petrović Karađorđe | |
---|---|
Вожд на Србија | |
На престол | 14 февруари 1804 – 21 септември 1813 |
Претходник | Прво српско востание нема |
Наследник | Второ српско востание Милош Обреновиќ |
Придружник | Јелена Јовановиќ |
Деца | Александар Караѓорѓевиќ |
Династија | Династија Караѓорѓевиќи |
Вероисповед | православие |
Караѓорге Петровиќ (српски: Ђорђе Петровић, Карађорђе или Đorđe Petrović, Karađorđe) бил српски вожд и основоположник на Династија Караѓорѓевиќи од Србија.
Биографија
[уреди | уреди извор]Најверојатно е роден на 16 ноември 1762 година во Вишевац, денешна Србија. Тој бил водач на Првото српско востание, кое било насочено против Османлиското Царство. Во 1814 година во Букурешт бил потпишан договор според кој на српскиот народ требало да му се даде автономија. Но, договорот никогаш не бил спроведен во дело. Така, во 1813 година, востанието било задушено и повторно била воспоставена целосна османлиска власт.
Оваа востание претходело на т.н. Второ српско востание кое избувнало во 1815 година, кое придонело до создавање на модерна Србија. Во 1817 година, од соседната Австроунгарија Караѓорѓе дошол во Србија, каде се сретнал со Милош Обреновиќ и се договориле заедно да дејствуваат. Сепак, кнезот Милош не си го одржал зборот, па наредил тој да биде убиен во ноќта помеѓу 13 и 14 јули 1817 година во селото Радоване, Смедеревско. Така, по создавањето на државата започнало и соперништвото помеѓу двата српски востаници околу тоа кој да го заземе српскиот престол.
Караѓорѓе како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Посветувањето на Црниот Ѓорѓе“ (српски: Посвећивање Црнога Ђорђа) - песна на српскиот поет Васко Попа.[2]
- „Црниот Ѓорѓе“ (српски: Црни Ђорђа) - песна на српскиот поет Васко Попа.[3]
- „Смртта на Црниот Ѓорѓе“ (српски: Смрт Црнога Ђорђа) - песна на српскиот поет Васко Попа.[4]
- „На ќерката на Караѓорѓе“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[5]
- „Песна за Црниот Ѓорѓе“ — песна на Пушкин од 1834 година.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://solair.eunet.rs/~nmarkoni/karadjordje.html
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 116.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 117.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 120.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 61.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 269-270.
|