Александар I Караѓорѓевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар I
Aleksandar I Karađorđević
Александар I Карађорђевић
Крал на Југославија
На престол3 октомври 1929 – 9 октомври 1934
НаследникПетар II
Крал на Србите, Хрватите и Словенците
На престол16 август 1921 – 3 октомври 1929
ПретходникПетар I
Роден(а)16 декември 1888(1888-12-16)
Цетиње, Црна Гора
Починал(а)9 октомври 1934(1934-10-09) (возр. 45)
Марсеј, Франција
Почивалиште
СопружникМарија Караѓорѓевиќ (в. 1922)
Полно име
Александар Караѓорѓевиќ
ДинастијаКараѓорѓевиќ
ТаткоПетар I Караѓорѓевиќ
МајкаЗорка Караѓорѓевиќ
ВероисповедПравославие
ПотписАлександар I Aleksandar I Karađorđević Александар I Карађорђевић's signature

Александар I Караѓорѓевиќ (српски: Александар I Карађорђевић) (17 декември 1888 во Цетиње, Кнежевство Црна Гора19 октомври 1934 во Марсеј, Франција), познат како Александар Караѓорѓевиќ, Крал Александар и Александар Обединителот бил крал на Кралството СХС од 1921 до 1929 година, а од 1929 до 9 октомври 1934 година, крал на Кралство Југославија.[1][2][3]

Младост[уреди | уреди извор]

Александар Караѓорѓевиќ е роден на 16 декември 1888 во Цетиње, Кнежевство Црна Гора како четврто дете (втор син) на Петар I Караѓорѓевиќ (син на кнезот Александар кој триесет години претходно бил приморан да абдицира и да ја предаде власта во Србија на династијата Обреновиќ) и кнегињата Зорка од Црна Гора (најстарата ќерка на тогашниот црногорски кнез Никола Петровиќ-Његош).

Александар имал две години кога неговата мајка, кнегињата Зорка починала во 1890 од компликации за време на пораѓањето со неговиот брат Андрија, кој исто така починал по 23 дена.

Александар I (десно) се ракува со грчкиот крал Александар (лево) на Македонскиот фронт, 5 мај 1918

Александар го поминал своето детство во Црна Гора; сепак, во 1894 година неговиот татко вдовец ги зел трите деца, меѓу кои и Александар, во Женева, каде што тој го завршил основното образование. Заедно со својот постар брат Ѓорѓе, продолжил со школувањето во царскиот корпус во Санкт Петербург, Руската Империја. Во 1903 година, додека младиот Ѓорѓе и Александар сè уште се образувале, нивниот татко Петар, заедно со група заговорници, успеале да организираат државен удар во Кралството Србија, познат како Мајски преврат, во кој кралот Александар I Обреновиќ и кралицата Драга биле убиени. Така, династијата на Караѓорѓевиќ го презела српскиот престол по четириесет и пет години, а 58-годишниот татко на Александар станал крал Петар I, поради што Ѓорѓе и Александар се вратиле во Србија за да продолжат со нивните студии.

Атентат[уреди | уреди извор]

Филм за атентатот.

Убиен е во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО, на 9 октомври 1934 година.

Атентатот на кралот е еден од ретките атентати снимен на филм и е една од поважните снимки во историјата на филмот. Пукањето се случило точно пред објективот на снимателот којшто не успеал да го сними самото убиство, туку последиците од него и успеал да ги сними неколкуте минути после тоа, така што од само неколку сантиметри оддалеченост е снимено и мртвото тело на кралот.

Предци[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Александар I Караѓорѓевиќ
Роден(а): 16 декември 1888 Починал(а): 9 октомври 1934
Владејачки титули
Претходник
Петар I
Крал на Србите, Хрватите и Словенците
16 август 1921 – 6 јануари 1929
Бил прогласен за Крал на Југославија
Нова титула Крал на Југославија
6 јануари 1929 – 9 октомври 1934
Наследник
Петар II

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Глигоријевић, Бранислав (2002). Краљ Александар Карађорђевић у ратовима за национално ослобођење. Београд: Завод за уџбенике. ISBN 978-86-17-10088-7.
  2. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 224. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 670. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  4. https://www.telegraf.rs/vesti/716587-ko-su-karadjordjevici-dinastija-koja-u-svojoj-krvi-ima-gene-karadjordja-nemanjica-i-romanova-foto-rodoslov
  5. http://www.royalfamily.org/family-tree/