Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Macedonian cross.svg
Михаил
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
G.g. Mihail.jpg
Родено име Методи Гогов
Архиепископ од 1993
Архиепископ до 1999
Претходник Гаврил II
Наследник Стефан
Роден 20 мај 1912
Ново Село (Штипско)
Починал 6 јули 1999
Скопје
Други архиепископи со име Михаил

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил (Ново Село (Штипско), 20 мај 1912 - 6 јули 1999) бил четвртиот архиепископ на Македонската православна црква по нејзиното обновување. Михаил бил свештеник и вероучител, даровит црковен оратор и мудрец, и останал запаметен по прекрасните беседи. Тој е единствениот духовник на кој му било понудено местото претседател на Република Македонија. Архиепископот Михаил за поглавар на Македонската православна црква беше избран на 4 декември 1993 година.

Рани години[уреди | уреди извор]

Г.Г. Михаил е роден е во Ново Село, Штипско, во 1912 година, како Методи Гогов. Како дете бил слаб и со кревко здравје, па по желба на неговата мајка Санда, шестгодишното дете редовно ќе ги посетува богослужбите и ќе се грижи за чистотата на црквата. По завршувањето на основното образование, тој во 1927 година се запишал богословијата во Битола. Во 1932 година заминал на студии во Белград на Богословскиот факултет, каде што дипломирал во 1936 година како најдобар студент во генерацијата. Како авторитет меѓу студентите влегува во редовите на македонскиот кружок за да биде назначен за секретар на студентското здружение на Богословскиот факултет, а го подготвувал и студентското теолошко списание како главен уредник.

По дипломирањето присилно бил мобилизиран во српската војска, при што неколкупати бил осудуван од Воениот суд. Пред војната дошол во Штип и кратко време предавал веронаука во штипската гимназија, но со судска казна за дела против интересите на царот и царска Србија, набргу бил депортиран во Ужице за да предава српска пропагандна веронаука.

Пред почетокот на Втората светска војна се вратил во родниот крај и станал парохиски свештеник во црквата Св. Никола. За време на Втората светска војна, Михаил бил учесник во Народноослободителната војна, а при крајот на војната бил член на АСНОМ. Учествувал и во организирањето на Првиот црковно-народен собир во Скопје на почетокот од март 1945 година, на кој присуствувале 300 учесници, свештеници и мирски лица.

Период по војната[уреди | уреди извор]

Михаил се залагал за самостојност на МПЦ, па во два наврати одлежал над шест години затвор. Бил осуден и затворен од тогашната власт заради идеите за национална, социјална и духовна слобода на македонскиот народ. По шест месеци бил ослободен, но за кратко. Во 1948 година повторно бил уапсен и осуден на 5,5 години затворска казна. И покрај сите притисоци и закани да се откаже од свештеничкото служење, Михаил останал цврст во своите ставови и продолжил да служи како свештеник во Скопје.

Михаил бил меѓу првите мисионери во Австралија,во првата македонска православна општина „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн. Бил испратен во 1966 година, а се вратил при крајот на 1970 година. По неговото враќање бил назначен за ректор на Македонската православна богословија, каде предавал англиски јазик, омилитика и пастирско богословие. Покрај англискиот зборувал француски, руски и се служел со повеќе живи класични јазици.

Од 1972 година бил генерален секретар на Македонската архиепископија, а за архијереј бил хиротонисан на 25 декември 1988 година. Неговото Блажество Г.Г. Михаил е познат по тоа што не сакал да ги чита своите богослужбени слова, но е запаметен по неговото ораторство со кое ги надминувал сите архиjереји.

Архиепископ на МПЦ[уреди | уреди извор]

Михаил бил избран за поглавар на Македонската православна црква на 4 декември 1993 година. Архиепископот Михаил дошол на чело на МПЦ две години по осамостојувањето на Македонија како држава. Тој станал единствениот духовник кому му било понудено местото на претседател на државата. На почетокот на 90-тите години Михаил требало да биде еден вид македонски Макариос, но тој се откажал од овој предизвик не сакајќи да ја замени црковната со државничка позиција,

Како надлежен за Американската епархија, Михаил успеал да ги прибере големиот број на верници, да ги надмине сите спорови, а со тоа овозможи оваа епархија да заживее со полн црковен живот. Сепак тој не успеал да отпатува за Австралија, затоа што не сакал да биде пречекан од поделените, туку од сите обединети верници Македонци. Водел преговори и со преставници на Српската православна црква за воспоставување на духовно единство меѓу двете цркви.

За време на неговото архиепископување биле направени потребните измени и дополнувања на Уставот на Македонската православна црква, статутите за трите епархии во странство и други црковни закони и норми. Исто така, за негово време се зголемила издавачката дејност во МПЦ, при што биле отпечатени повеќе богослужбени изданија и книги со богословска содржина.

Починал на 6 јули 1999 година. Неговото вечно почивалиште се наоѓа во Манастирот Св. Наум Охридски во Радишани.

Цитати[уреди | уреди извор]

„Ние, Михаил, избран и востоличен архиепископ охридски и македонски, се заколнувам во семоќниот Бог дека на Македонската православна црква и својата татковина Република Македонија ќе им бидеме верни и предани, ќе го почитуваме и чуваме црковниот Устав, ќе ја чуваме чистотата на светото православие, црковните канони и прописи, ќе го чуваме канонското единство на сите православни автокефални цркви, а посебно ќе ја почитуваме Македонската православна црква во сè, па и во своите дела и постапки ќе се раководиме исклучително од доброто и интересите на нашата Света Црква и Татковина, и дека нема да се согласиме со никаква измена што би била спротивна на нивните интереси“. - Изјава по повод изборот за Архиепископ на МПЦ (4.12.1993)

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Почит кон Свети Кирил Солунски - Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим - во коавторство со Митрополитот Кирил и Олга Спиркоска (Скопје,1979);

Книги за Архиепископот Михаил:[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Гаврил II
Архиепископ Охридски и Македонски
1993–1999
Наследник
Стефан
  1. „Проф. д-р Ратомир Грозданоски“. www.rrgrozdanoski.mk. Посетено на 2021-01-10.