Согленски манастир

Координати: 41°36′27″N 21°34′18″E / 41.60750° СГШ; 21.57167° ИГД / 41.60750; 21.57167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Согленски манастир
Информации
Целосно имеМанастир „Рождество на Пресвета Богородица“ - Согле
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наПресвета Богородица
ЕпархијаПовардарска
Цркви„Рождество на Пресвета Богородица“
Личности
Место
МестоСогле, Општина Чашка, Македонија Македонија
Координати41°36′27″N 21°34′18″E / 41.60750° СГШ; 21.57167° ИГД / 41.60750; 21.57167
Видливи остатоци1 црква, конак, камбанарија
Отворен за јавностада
Други информации(Богомилска парохија)

Согленски манастирманастир во азотското село Согле, сместен над селото, до кој води земјен пат од селото.[1][2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Манастирот се наоѓа на 30 километри југозападно од Велес во реонот на селото Согле, а во соседство со селата Богомила, Бистрица и Теово, во месноста Азот.

Историја[уреди | уреди извор]

За овој храм црковно-историските извори ништо не зборуваат. Се претпоставува дека тој потекнува од многу постаро време кога селото Согле не било исламизирано. Градбата на манастирот била изведена некаде во XIV или XV век кога уште немало доселено муслиманско население во Азот. Во периодот од 1850 до 1855 година биле поправени конаците и црквата.[2]

Градби во манастирот[уреди | уреди извор]

Манастирскиот комплекс е составен од: манастирската црква, манастирските конаци, како и други помошни објекти.

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“[уреди | уреди извор]

Главната манастирска црква е посветена на Пресвета Богородица, по која е и наречен целиот манастир.[2]

Конаци[уреди | уреди извор]

Покрај манастирот изградени се и конаци. На 25 август 2007 година поставен е и осветен камен-темелник за изградба на нови конаци. Осветувањето го извршил Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Богомилска парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 28 август 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]