Прдејци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Прдејци
Викиекспедиција Бојмија 105.jpg

Поглед на селото

Прдејци се наоѓа во Republic of Macedonia
Прдејци
Местоположба на Прдејци во Македонија
Координати 41°12′32″ СГШ 22°30′09″ ИГД / 
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Gevgelija Municipality.svg Гевгелија
Област Бојмија
Население 514[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1483
Повик. бр. 034
Надм. вис. 65 м
Commons-logo.svg Прдејци на Ризницата


Прдејци — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во источниот дел на територијата на Општина Гевгелија, од десната страна на реката Вардар. Се наоѓа на стариот локален пат кој води од градот Гевгелија до селото Миравци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 65 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено осум километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 18,3 км2. На него обработливото земјиште заземе површина од 568 хектари, на пасиштата отпаѓаат 559 хектари, а на шумите 386 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Историска фотографија од селото

Во XIX век, Прдејци било село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Српските власти го прекрстиле селото во Степаново.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Прдејци имало 750 жители, од кои 150 Македонци и 600 Турци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прдејци имало 184 жители.[5]

Прдејци е средно село по големина, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 500 жители, а во 1994 година 538 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Прдејци имало 514 жители, од кои 510 Македонци, 2 Срби и 2 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 750 184 386 397 500 493 526 536 538 514
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованци, Негорци, Прдејци и Смоквица.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Негорци, во која покрај селото Прдејци се наоѓале и селата Кованци, Негорци, Серменин и Смоквица.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Петка“ заедно со селските гробишта
Цркви[10]
Реки[11]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото работи културноуметничкото друштво „Браќа Толеви“, кое активно учествува во повеќе фестивали.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 11 јуни 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 242. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 11 јуни 2017 г. 
  3. Картов, Владимир (1969). Гевгелија и Гевгелискиот крај од Балканските војни до ослбодувањето (1912/13-1944). Гевгелија: Општинско собрание. стр. 96. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. „ООУ „Ристо Шуклев““. македонски: ОУ „Ристо Шуклев“ - Негорци. http://www.oouristosuklev.edu.mk/. посет. 6 јули 2017 г. 
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  11. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]