Прејди на содржината

Бистерна (Прдејци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бистерна

Поглед кон Бистерна

Карта

Местоположба 41°12′40″N 22°29′0″E / 41.21111°N 22.48333°E / 41.21111; 22.48333
Основни податоци
МестоПрдејци
ОпштинаГевгелија
Тип

 населба  црква  некропола

Период бакарно време
римско време
среден век
Портал „Археологија“

Бистернаархеолошко наоѓалиште во гевгелиското село Прдејци.

Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија. Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Наоаѓалиштето се наоѓа на 500 метри северозападно од селото Прдејци, во плантажите на „Вино-југ“ од Гевгелија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Било прогласено за културно наследство на Македонија со решение од 31 декември 2003 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.[2]

На површина од околу 2 хектара се откриени делови од овални јами со пречник од 1,5-2 метри и длабочина од 0,80-1,20 метри, во кои се најдени фрагменти од керамички тави со груба фактура и рачно работење, како и камени и кремени орудија. На поголем дел од наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси, архитектонска пластика, а најден е и дел од надгробна стела. Исто така, пронајдени се и траги од објекти градени од кршен камен и тегули, поврзани со варов малтер, мозаични подови, ќерамички тубулуси и суспензури. Во долниот дел на плантажата е откриена и поголема еднокорабна црква со траги од фрескоживопис. Масивните ѕидови на објектот се градени од кршен камен и варов малтер.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 112, ISBN 9789989101069
  2. „Национален регистар на културното наследство“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство. ноември 2024. Посетено на 9 септември 2025. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]