Гурбиш (Негорци)
Гурбиш — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Негорци. Наоѓалиштето претставува населба од доцноантичкото време. Во профилот на левиот брег на Кованска Река, на околу 2,5 км северозападно од селото се гледаат гробови градени од камени плочи од типот циста.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Башот - Горна Корија — населба од римското време;
- Говедарникот — населба од хеленистичкото време и римското време;
- Негорци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 110. ISBN 9989649286.