Градишор (Милетково)
„Градишор“ | |
Поглед кон Градишор | |
| Местоположба | 41°16′47″N 22°28′29″E / 41.27972°N 22.47472°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Милетково |
| Општина | Гевгелија |
| Тип |
|
| Период | раноантичко време |
| римско време | |
| Портал „Археологија“ | |
Градишор - Мрамор — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Милетково. Претставува населба и некропола од раноантичкото и римското време.
Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Наоѓалиштето се наоѓа на 1,5 километри јужно од селото Милетково, на десниот брег на Вардар, спроти наоѓалиштето Исар во Марвинци
Историја
[уреди | уреди извор]Било прогласено за културно наследство на Македонија со решение од 31 декември 2003 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Во нивите на П. и Н. Митреви, што се наоѓаат на големо зарамнето флувијално плато со површина од околу 2,5 хектари, се гледаат темели од објекти, а по површината има множество фрагменти од керамички садови, питоси, имбрекси и градежен материјал. Во профилот пресечен со изградбата на железничката пруга Скопје-Гевгелија се гледаат гробни конструкции градени од камени плочи од типот на циста.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Национален регистар на културното наследство“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство. ноември 2024. Посетено на 9 септември 2025.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 109. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Градишор (Милетково) на Ризницата ?
| ||||||||
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од раноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на утврдена населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Милетково
- Археолошки наоѓалишта во Општина Гевгелија
- Археолошки наоѓалишта во Гевгелиско
- Културно наследство на Македонија во Општина Гевгелија
