Прејди на содржината

ОУ „Климент Охридски“ - Миравци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Климент Охридски
Влезот во училиштето
Влезот во училиштето
Влезот во училиштето
Место
Општина: Општина Гевгелија
Наречено по: Климент Охридски
Нас. место: Миравци
Адреса: ул. „Гоце Делчев“, бр. 35, с. Миравци
Местоположба

Карта

Основни информации
Број на ученици: 142
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место ooukliment.edu.mk/index.html
Е-пошта oumiravciepiskop@yahoo.com

Основно училиште „Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Климент Охридски“ - Миравци; скратено: ООУ „Климент Охридски“) — централно основно училиште во гевгелиското село Миравци, Општина Гевгелија.[1][2]

Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првото училиште било отворено во 1884 година, а прв учител бил Глигор Божинов. Наставата била организирана во самите куќи, како и во црквата. На подрачјето на селото биле пронајдени букварките „Алфивитарии“ на Кирил Пејчиновиќ, како и неговите „Огледало“ и „Евангелие“.

Во 1925 година, со голема помош на рускиот учител Трофим Сахненко, била изградена училишната зграда во која се изведувала настава до 1996 година, кога била подигната новата училишна зграда.

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.[2]

Подрачни училишта

[уреди | уреди извор]

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-05.
  2. 1 2 3 „За нас“. ОУ „Климент Охридски“. Посетено на 6 октомври 2021.[мртва врска]