Серменинска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Серменинска Река
Слив
Главен изворКожуф (од Две Уши)
1700 м
УстиеВардар (кај Мрзенци)
46 м
41°10′41.7″N 22°31′43.7″E / 41.178250° СГШ; 22.528806° ИГД / 41.178250; 22.528806Координати: 41°10′41.7″N 22°31′43.7″E / 41.178250° СГШ; 22.528806° ИГД / 41.178250; 22.528806
Вис. разлика1654 м
ТечениеВардарЕгејско Море
Сливна повр.62 км2
Физички особености
Должина24 км

Серменинска Река или Мрзенска Рекарека во Југоисточна Македонија и десна притока на Вардар.

Течение[уреди | уреди извор]

Серменинска Река извира од месноста Две Уши на планината Кожуф, на надморска височина од 1700 м. Нејзиното течение продолжува по падините на Кожуф во правец запад-исток, по што навлегува во Гевгелиското Поле. Таа поминува низ селата Серменин и Мрзенци, по што се влева во Вардар од нејзината десна страна, североисточно од градот Гевгелија, на надморска височина од 46 м.[1][2]

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Вкупната должина на реката изнесува 24 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 62 км2 и истото припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1700 м, а се влева на височина од 46 м, при што вкупната висинска разлика изнесува 1654 м, а просечниот релативен пад 69‰.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во Стратегијата за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011 година бил предвиден проект за зафаќање на водите на Серменинска Река за водоснабдување на градот Гевгелија во вкупна вредност од 150 милиони денари. Во рамки на проектот биле предвидени краткорочно и долгорочно решение. Според краткорочното решение, во близина на реката, на надморска височина од 175 м, била планирана изградба на бунари кои би се поврзале со резервоарот кај селото Моин и на тој начин би се овозможило снабдување со потребните количини на вода; според долгорочното решение, на надморска височина од 350 м била предвидена изгредба на брана или изведба на тиролски зафат, којашто понатаму би се поврзала со системот за водоснабдување и со тоа би се обезбедило потребното количество на вода за пиење, наводнување и индустриски цели.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014) (на македонски). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 65. ISBN 978-9989-2117-6-8. 
  2. 2,0 2,1 "Риболовна основа за „Слив на Вардар - долно течение“ за период 2011-2011" (PDF) (македонски). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. конс. 27 мај 2017. 
  3. "Стратегија за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011" (PDF) (македонски). Гевгелија: Општина Гевгелија. септември 2006. стр. 45. конс. 29 мај 2017.