Манастир (Мрзенци)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Манастир или Над Селото — археолошко наоѓалиште кај селото Мрзенци, Општина Гевгелија. Претставува населба од доцната антика.
Сместено е крај Серменинска Река, во лозјето на поранешен „Винојуг“, на околу 500 м западно од селото и во близината на крстопатот за Негорци и Гевгелија. Најдени се фрагменти од керамички садови и градежен материјал.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Црква — средновековен сакрален објект
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 110. ISBN 9989-649-28-6.