Милци (Богородица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милци
археолошко наоѓалиште
Милци is located in Македонија
Милци
Местоположба на Милци во Македонија
Местоположба 41°08′26″N 22°32′56″E / 41.14056° СГШ; 22.54889° ИГД / 41.14056; 22.54889Координати: 41°08′26″N 22°32′56″E / 41.14056° СГШ; 22.54889° ИГД / 41.14056; 22.54889
Основни податоци
Место Богородица (Гевгелиско)
Општина Гевгелија
Тип



Период железно време
Портал „Археологија“

Милцинекропола од железното време кај селото Богородица во општина Гевгелија. Се наоѓа на 500 м од мостот на Вардар, од левата страна на автопатот што води кон граничниот премин Богородица. Со заштитните археолошки ископувања, изведени во 1979 година се откриени 45 гроба со конструкции од камени плочи - тип циста, а со систематските ископувања во 1983 година уште 14 гроба. Во нив се најдени керамички садови, украсни предмети од бронза и оружје што му припаѓаат на времето од почетокот на VII до крајот на VI век пред н.е. Во текот на 1995 година се откриени уште 5 гроба од истиот тип со што се проширени границите на некрополата на исток, кон матичната населба на ридот Кофилак или Богородички Рид. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Музејот во Гевгелија..[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 101. ISBN 9989649286.