Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ова е список на археолошките наоѓалишта во Гевгелиско,[1] односно на наоѓалиштата кои се наоѓаат на територијата на Општина Гевгелија и Општина Богданци, но не и гевгелиските во Егејска Македонија, денес од другата страна на државната граница.

Наоѓалиштата се подредени по азбучен редослед на населените места во или кај кои се наоѓаат. Списокот може да не е целосен.

Населено место Општина Име Тип Период
Богданци Богданци Барданов Камен населба римско време
Света Гора населба и некропола; базилика доцноантичко време; старохристијанско време
Тумба некропола доцноантичко време
Богородица Гевгелија Гајки - Одрина населба доцнантичко време
Кофилак - Богородички Даб населба железно време
Милова Чешма населба доцнантичко време
Милци некропола железно време
Тумба населба доцнантичко време
Габрово Гевгелија Аузо населба римско време
Градиште градиште среден век
Дедовец рударска населба римско време
Кочиње населба доцнантичко време
Лалово Трло населба доцнантичко време
Селиште населба римско време
Стојков Рид некропола доцнантичко време
Студенка населба доцнантичко време
Гевгелија Гевгелија Вардарски Рид населба и некропола од бакарно до римско време
Гевгелија депо на монети хеленистичко време
Раул некропола римско време
Сува Река - Парагон некропола железно време
Давидово Гевгелија Брест населба доцнантичко време
Варијанта населба и некропола доцнантичко време
Градиште населба римско време
Гробишта - Река некропола доцнантичко време
Свети Илија црква и некропола среден век
Селиште населба доцнантичко време
Ѓавато Богданци Мамино утврдена населба доцнантичко време
Молникот населба среден век
Рамниште населба доцнантичко време
Селиште сакрален објект среден век
Кованец Гевгелија Гробишта населба и некропола доцнантичко време
Гроздени Дупки населба железно време
Ѓурова Нива населба доцнантичко време
Лешките населба доцнантичко време
Манастир Св. Атанас населба железно и доцнантичко време
Мучарад - Дубрава сакрален објект среден век
Чешмата населба доцнантичко време
Конско Гевгелија Во Селото некропола среден век
Грамади населба и некропола доцнантичко време
Долно Поле населба доцнантичко време
Полјани населба доцнантичко време
Попова Нива населба и некропола доцнантичко време
Милетково Гевгелија Градишор - Мрамор населба и некропола раноантичко и римско време
Гробишта - Манастир сакрален објект римско време
Лозјата - Дуковец водовод римско време
Манастир населба римско време
Смреков Рид населба хеленистичко и римско време
Миравци Гевгелија Долна Црква сакрален објект римско време
Крчаново населба и некропола римско време
Мегдан населба доцнантичко време
Чаушевец населба доцнантичко време
Моин Гевгелија Малечок Прлик утврдена населба доцнантичко време
Мечкин Дол водовод доцнантичко време
Трајкова Чешма населба римско време
Тутулен населба доцнантичко време
Црнкова Чешма водовод доцнантичко време
Чучулан утврдување доцнантичко време
Џаипка населба доцнантичко време
Мрзенци Гевгелија Манастир - Над Селото населба доцнантичко време
Црква сакрален објект среден век
Негорци Гевгелија Башот - Горна Корија населба римнско време
Говедарникот населба хеленистичко и римско време
Гурбиш некропола доцнантичко време
Ново Конско Гевгелија Бели Брег населба доцнантичко време
Грамади флотација на руда античко време
Сифулајка населба доцнантичко време
Стар Горничет населба доцнантичко време
Сув Бунар утврдена населба доцнантичко време
Петрово Гевгелија Бања црква среден век
Бели Мост населба железно време
Болница населба доцнантичко време
Вишова Нива градиште доцнантичко време
Главата населба доцнантичко време
Лесков Дол населба доцнантичко време
Пресек - Марков Манастир населба доцнантичко време
Св. Атанасија црква и некропола среден век
Св. Марко - Градиште градиште среден век
Прдејци Гевгелија Бистерна населба бакарно и римско време
Ветка Црква сакрален објект римско време
Колник базилика старохристијанско време
Селемли Богданци Голема Чешма населба доцнантичко време
Серменин Гевгелија Ѓурка кула среден век
Маркова Кула тврдина среден век
Подор населба среден век
Садов некропола среден век
Св. Илија црква среден век
Сингра утврдена населба-збег римско време
Црквиште - Селиште црква среден век
Смоквица Гевгелија Агова Чешма населба неолитско време
Агова Чешма - Ветка Црква сакрален објект римско време
Аерот утврдена населба и некропола римско време
Вишов Јавор некропола железно време
Голи Рид населба доцнантичко време
Градиште - Брест населба хеленистичко време
Леските утврдена населба хеленистичко време
Мраморот - Манастир населба и некропола доцнантичко време
Мушница населба доцнантичко време
Падарница населба доцнантичко време
Св. Димитрија осамен наод римско време
Св. Илија црква среден век
Туфка населба бронзено и хеленистичко време
Ќерамидница некропола хеленистичко време
Црквиште населба доцнантичко време
Стојаково Богданци Друмот I мост римско време
Друмот II мост римско време
Зад Камен населба доцнантичко време
Кошкут населба и некропола доцнантичко време
Манастирчето црква и некропола среден век
Сред Село населба железно време
Шипков Дол населба хеленистичко време
Ума Гевгелија Цитате градиште доцнантичко време
Чукарка населба доцнантичко време

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 101–115. ISBN 9989649286. (Напомена: некои од местата во изворот се наведени според поранешно име или по неофицијална правописна варијанта.)