Сува Река - Парагон (Гевгелија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сува Река - Парагон
археолошко наоѓалиште
Сува Река - Парагон is located in Македонија
Сува Река - Парагон
Местоположба на Сува Река - Парагон во Македонија
Местоположба 41°08′00″N 22°30′00″E / 41.13333° СГШ; 22.50000° ИГД / 41.13333; 22.50000Координати: 41°08′00″N 22°30′00″E / 41.13333° СГШ; 22.50000° ИГД / 41.13333; 22.50000
Основни податоци
Место Гевгелија
Општина Гевгелија
Тип

Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период железно време
Портал „Археологија“

Сува Река - Парагон археолошко наоѓалиште во градот Гевгелија. Наоѓалиштето претставува некропола од железно време. Во јужниот дел на градот, а особено во коритото на Сува (Конска) Река и на нејзините брегови, како и на флувијалната тераса на десната страна, позната под името Парагон, е откриен голем број гробови од неколку типови: слободно вкопување, цисти од камени плочи и во питоси, сите со различна насоченост. Во голем број се и предметите од бронза во вид на украсни предмети и накит, како и орудија и оружје од железо. Во периодот 1975-77 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Музејот на Македонија вршеле заштитни археолошки ископувања. Откриените наоди се чуваат во Музејот во Гевгелија и во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 95. ISBN 9989649286.