Чучулан (Моин)
Чучулан — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Моин. Претставува утврдување од доцноантичко време.
На 2 км западно од селото, на десниот брег на Чучуланска Река, на доминантна висорамнинка под ридот Чучулан се гледаат грамади од кршен камен, а спорадично и фрагменти од тегули и имбрекси.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 110. ISBN 9989-649-28-6.