Кофилак (Богородица)

Координати: 41°08′26″N 22°32′56″E / 41.14056° СГШ; 22.54889° ИГД / 41.14056; 22.54889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кофилак – Богородички Даб


Местоположба 41°08′26″N 22°32′56″E / 41.14056° СГШ; 22.54889° ИГД / 41.14056; 22.54889
Основни податоци
Место Богородица (Гевгелиско)
Општина Гевгелија
Тип



Период железно време
Портал „Археологија“

Кофилак – Богородички Дабнаселба од железното време кај селото Богородица во општина Гевгелија. Високо над левиот брег на реката Вардар, спроти Гевгелија, над самиот пат за селото Богородица се издига доминантна височина со мало зарамнето плато со пониска тераса на јужната страна. Претставува населба од типот „градишта“ на чија површина се среќаваат фрагменти од керамика од железното време. Во 1995 година од страна на Музејот на Македонија се вршени контролни сондирања при што се откриени остатоци од градежен објект со правоаголна основа од камен и ѕидови од плет. Според стратиграфијата на висорамнинката и инвентарот од објектот, во кој доминираат магацински керамички садови од самиот почеток на железното време (VI-V век пред н.е.), е утврдено дека на овој простор постоела најстарата првична населба. Ширењето на населбата во железното време веројатно би требало да се очекува на јужната тераса, денес во голема мера оголена од ерозии. Во западното подножје на Кофилак се простира некрополата Милци, со погребувања од VIII-V век пред н.е[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 101. ISBN 9989649286.