Стојков Рид (Габрово)
Стојков Рид — археолошко наоѓалиште во околината на гевгелиското село Габрово. Наоѓалиштето претставува некропола од доцната антика.
На југоисточната страна на селото, во синорот помеѓу селата Габрово и Смоквица се откриени гробови со конструкција од камени плочи - тип циста, со насоченост исток-запад. Во профилот направен од поројот се гледаат повеќе гробови.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Аузо — населба од римско време;
- Градиште — градиште од средниот век;
- Дедовец — рударска населба од римско време;
- Кочиње — населба од доцнантичко време;
- Лалово Трло — населба од доцнантичко време;
- Селиште — населба од римско време;
- Студенка — населба од доцнантичко време;
- Габрово;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 102, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |