Сув Бунар (Ново Конско)
Сув Бунар — археолошко наоѓалиште кај гевгелиското село Ново Конско. Претставува утврдена населба од доцната антика.
На околу 1 км северно од селото, на висок рид со зарамнето плато се наоѓаат остатоци од темели на бедем, а по површината фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Бедемот оградувал мал простор на врвот од ридот.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бели Брег — населба од доцнантичко време
- Грамади — флотација на руда од античко време
- Сифулајка — населба од доцнантичко време
- Стар Горничет — населба од доцнантичко време
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 104-105. ISBN 9989-649-28-6.