Ангел Динев
Ангел Динев | ||
Роден | 1 октомври 1881 Смоквица, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 17 февруари 1952 Скопје, Македонија |
Ангел Динев (Смоквица, Гевгелиско, 1 октомври 1891 - Скопје, 17 февруари 1952), — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на ВМРО (Обединета), македонски општественик, новинар, публицист, историчар и политички работник [1].
Животопис
[уреди | уреди извор]Во Солун работел како фурнаџиски работник (1909-1911), кога се јавил како организатор на Привремениот Околиски комитет на ВМРО за селата од десната страна на Гевгелиска околија. Во 1922 година се доселил во Софија.
Соработник на весникот „Илинден“, уредуван од Арсениј Јовков (1922), каде објавил повеќе уводни статии. Раководител на Гевгелиското братство (1927-1947). Како сопственик и уредник на „Македонски вести“ (1935-1936), значи блескотен период во конструирањето и афирмирањето на македонската национална мисла.
Втора светска војна
[уреди | уреди извор]По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, потписник е на Апелот до Македонците во Бугарија заедно со други видни револуционери и дејци како: Павел Шатев, Туше Делииванов, Петар Шанданов, Михаил Герџиков и др.[2]
Уредник и на весникот „Доброволец“ (1944). Во своите дела „Македонските Словени“, „Илинденската епопеја“ и „Политичките убиства во Бугарија“, смело го истакнува постоењето на македонската нација. Учесник е во македонското националноослободително движење.
Творештво
[уреди | уреди извор]- „Движењето“ (1924)
- „Заборавените“ (1925)
- "Упоритият поп" (1925) (бугарски)
- „Кресненското востание“ (1926)
- „Хуриетот и постхуриетските борби во Гевгелиско“ (1934)
- "Из минатото на Гевгелja", (1935) (бугарски)
- „Македонските Словени“[мртва врска], Софија, (1938). (бугарски)
- Етнографската идеја на македонските словени Архивирано на 4 март 2016 г., Софија, 1944. (бугарски)
- Илинденска епопеја, дел I Архивирано на 5 март 2016 г., Софија, 1945. (бугарски)- дел II, Скопје , 1949.
- „Политичките убиства во Бугарија“ Скопје, 1951.
Објавени се и неговите Одбрани дела во три книги со уредник д-р Владимир Картов, Скопје, 1983.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска Енциклопедија
- ↑ Динев, Ангел (1983). Одбрани Дела во три книги - Втора книга. Скопје: Култура - Скопје. стр. 333–337.