Стојаково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стојаково
Викиекспедиција Бојмија 150.jpg

Сретселото во Стојаково

Стојаково is located in Македонија
Стојаково
Местоположба на Стојаково во Македонија
Координати 41°9′20″N 22°34′39″E / 41.15556° СГШ; 22.57750° ИГД / 41.15556; 22.57750Координати: 41°9′20″N 22°34′39″E / 41.15556° СГШ; 22.57750° ИГД / 41.15556; 22.57750
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Bogdanci Municipality.svg Богданци
Област Бојмија
Население 1.931[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1488
Повик. бр. 034
Надм. вис. 60 м
Стојаково на општинската карта
Стојаково во Општина Богданци.svg

Атарот на Стојаково во рамките на општината
Commons-logo.svg Стојаково на Ризницата


Стојаково — село во Општина Богданци, во областа Бојмија, во околината на градот Богданци.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Главната улица во селото

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во јужниот дел на Гевгелиско-валандовската Котлина, на територијата на Општина Богданци, чиј атар на тесен дел се допира со државната граница со Грција. Всушност, селото лежи на левата страна на реката Вардар, недалеку од автопатот Скопје-Гевгелија, а на самиот локален пат кон Богданци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 60 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 8 километри.[2]

Атарот е голем и зафаќа површина од 27,4 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.731 хектар, на пасиштата отпаѓаат 644 хектари, а на шумите 141 хектар.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Територијата на која лежи Стојаково била населена уште од античко време, а за тоа сведочат многубројните археолошки наоди пронајдени во негова близина.

Првобитната локација на Стојаково се наоѓала крај месноста Шипков Дол, во близина на денешната населба. Старото име на оваа населба е Трнова. Но, пред неколку векови со пустошењето на болеста чума, жителите на ова место биле принудени да ги напуштат своите родни огништа и да побараат ново место на кое ќе подигнат нова населба. Местото на кое се населиле е всушност денешната територија на која се наоѓа Стојаково.

Името Стојаково било дадено подоцна од причини што оваа населба се наоѓала на главниот пат, кој поврзувал важни региони (пат користен уште од антиката, Белград - Солун), па така тука во ановите останувале и отспивале голем број на трговци кои биле на пат. Првобитно бил нарекуван Стојакот (место каде што се останува, се стои, за подоцна да биде именувано како Стојаково, име кое и ден денес се користи).

Во XIX век, Стојаково било христијанско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Населението во Стојаково претежно се занимава со одгледување на земјоделски производи (најмногу раноградинарски) пред сѐ поради погодната топла клима и силните средоземни влијанија кои продираат во овој регион. Исто така е застапено и одгледувањето на винова лоза од кое се прозведува квалитетно вино и ракија.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Стојаково имало 1.520 жители, од кои 1.350 Македонци, 80 Турци и 90 Роми.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стојаково имало 1.724 жители.[4]

Стојаково е големо село, коешто во 1961 година имало 1.933 жители, од кои 1.815 биле Македонци, а 101 Срби. Во 1994 година, бројот се зголемил на 2.041 жител, од кои 2.010 жители Македонци, а 23 жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Стојаково имало 1.931 жител, од кои 1.890 Македонци, 36 Срби, 1 Влав и 4 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.520 1.724 1.566 1.646 1.933 2.063 2.125 2.048 2.041 1.931
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Спортската сала изградена во дворот на училиштето
Образовни
Општествени
Здравствени
  • Амбуланта
Културни
  • Дом на културата

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Богданци, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Богданци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стојаково, во која влегувале селата Селемли и Стојаково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Стојаково се наоѓале градот Богданци и селата Богородица, Ѓавато и Селемли.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Штрковски гнезда[уреди | уреди извор]

Во 2016 година енормно се зголемил бројот на штркови кои прават свои гнезда во селото. Поради ова жителите на Стојаково планираат покренување на иницијативи овие птици преселници да станат нивен заштитен знак, да се крстат семејствата штркови и да се собираат информации за нив - од каде доаѓаат, колку време престојуваат, колку принови имале и слично.

Местната заедница во Стојаково заедно со Македонското еколошко друштво направиле евиденција на гнездата и штрковите со помош на дрон. Летото во 2018 година биле изброени 208 штркови на 37 гнезда, 74 стари, а 134 млади.

Во селото освен на секој електричен столб и бандера, гнезда на штрковите има и на објекти. Поради нив Стојаково е посетувано од луѓе кои доаѓаат да ги фотографираат штрковите од близу. Местната заедница планира за таквата цел да се подигнат и две посматрачници.[8]

Цркви[9]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Првомајски традиционални трки — трки во повеќе дисциплини, како трка со коњи, трка со магариња, трка на сто метри (јуниори и сениори во машка и женска конкуренција), скокање со вреќи, трка со ролерки (почнувајќи од 2007 г.), трка на 3.000 метри, трка со велосипеди и влечење со јаже.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Стојаково
Починати во Стојаково

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото постојат повеќе спортски друштва, како:

  • Риболовно друштво „Риболовец“
  • Фудбалски клуб „Пролетер“
  • Ловечко друштво „Тигар“
  • Спортско друштво „Цико“

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 11 јули 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 286. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 11 јули 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. „Штрковите во Стојаково ќе добијат имиња и биографии оти летово има 37 гнезда“. Сакам Да Кажам (македонски). 13 август 2018. конс. 13 август 2018. 
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  10. „II Р Е Г Л Е Д НА ПЕЧАТЕНИ КНИГИ, СТРУЧНО-НАУЧНИ ТРУДОВИ, СЦЕНАРИЈА И РЕПОРТАЖИ ОД ПРОФ. Д-Р ДИМИТАР ЌОРНАКОВ, ИСТОРИЧАР НА УМЕТНОСТА од 1956 до 2009 год“ (PDF) (македонски). Каламус. конс. 2012-05-13. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]