Прејди на содржината

Јужна Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јужна Македонија — регион во границите на Република Македонија, кој се протега на исток до границата со Бугарија, на север до средното течение на реката Вардар и градот Велес, на запад до планините Баба, Бигла и Даутица, а на југ се граничи со Грција (продолжува во Егејска Македонија).

Релјефно планините и котлините во овој регион припаѓаат на старите грамадни планини од родопскиот систем, а реките во најголем дел припаѓаат на егејскиот слив. Најголеми реки во регионот се Црна Река, Струмица, Крива Лакавица, Шемница и други.

Во овој регион спаѓаат градовите Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Богданци, Валандово и Струмица, како и етно-географските области Мариово и Тиквеш.

Поврзано

[уреди | уреди извор]