Лин
Лин Lin | |
---|---|
село | |
![]() Поглед на селото со полуостровот и езерото | |
Координати: 41°3′58″N 20°38′19″E / 41.06611° СГШ; 20.63861° ИГДКоординати: 41°3′58″N 20°38′19″E / 41.06611° СГШ; 20.63861° ИГД | |
Земја | ![]() |
Област | Горица |
Општина | Поградец |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Лин или Линче (албански: Lin) — село во источна Албанија, на самото Охридско Езеро. Сместено е во општината Поградец од Горичката област.
Историја[уреди | уреди извор]
Лин е населен уште од метално време. Пронајдоците кои се откриени на ридовите над Лин вклучуваат остатоци од ранохристијанска византиска црква, која датира од VI век. Црквата е културен споменик на Албанија и е вклучена во списокот на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион на албанска страна.
Географија[уреди | уреди извор]
Лин е сместено на мал полуостров на Охридското Езеро, јужно од планинскиот превој и граничен премин Ќафасан. Оддалечено е 22 км од градот Поградец, и околу 10 км од Струга. Селото Радожда на другата страна на границата е најблиската населба до Лин.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, Лин имало 600 жители, од кои 300 Македонци христијани и 300 Албанци муслимани.
Дијалект[уреди | уреди извор]
Лин е единственото село во Албанија каде што се зборува вевчанско-радошкиот дијалект на македонскиот јазик, кој го претставуваат уште три села во Македонија: Вевчани, Радожда и Мали Влај.[1]
Култура[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Hendricks, P. "The Radozda-Vevcani Dialect of Macedonian". Peter De Ridder Press, 1976, p. 3.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија за место во Албанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|