Во градот и околните села и денес живее македонско население, од кои се издвојуваат три кои и денес јасно задржале етничкиот карактер и својата варијанта на охридскиот говор. Ова некогаш бил чисто македонски крај, што е очигледно од називите на населените места во општината (подолу). Иако денес има албанско мнозинство, половината жители се православни, а половината се муслимани. Ова укажува дека целокупното поградечко подрачје подлегнало на процес на албанизација на македонското население во не така далечното минато.