Мала Враца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мала Враца
Мала Враца.jpg
Врвот Мала Враца со Горно Врачанско Езеро во подножјето
Висина 2.536 метри.
Местоположба Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато

Мала Враца е планинскиот врв на Шар Планина, во северо-западниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.536 метри. Се наоѓа на јужниот дел на нејзиното главно било, односно срт по кој се протега македонско-косовската граница. Всушност, Мала Враца претставува изразито стрмно издигнат каменест гребен по кој во меридијански правец од север кон југ се протегаат котите со надморска височина од 2536, 2487, 2493, 2480, 2457, 2455, 2444 и 2477 метри, кои поради малата разлика од видување на самото место е тешко да се утврди кој е највисокиот врв, поради што постои двоумење дали првата или средишната кота (врв) пред Долното Врачанско Езеро се највисокиот врв и со тоа воедно врвот Мала Враца. Поради извонредно големата стрмнина и раздробениот камењар, искачувањето на врвот Мала Враца е многу тешко и ретко. Самиот гребен на врвот Мала Враца е опкружен со 4 леднички езера во подножјето и тоа: Долното и Горното Врачанско Езеро во долината и изворишниот дел на Маздрача од македонската страна и Горното и Долното Дефско Езеро на висорамнината Шутман од косовската страна.