Пескови
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Пескови | |
|---|---|
Глетка на врвот Пескови | |
| Висина | 2.651 м |
| Место | |
| Венец | Шар Планина |
| Прво освојување | непознато |
Пескови — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина изнесува 2.651 метар. Се наоѓа на главниот срт на протегање и североисточното било на Шар Планина, односно баш Шара. Пескови претставува гребен на главниот срт на Шар Планина помеѓу Езерски Врв на исток и Бистрица (Гужбаба) или Елема на запад. Има речиси напореднички правец на протегање запад-исток-североисток со повеќе издадени точки коти со надморска височина која се движи од 2.607, 2.603, па најиздадената 2.651 метар која и го претставува самиот врв Пескови, 2.647, 2.633, 2.616, 2.644, 2.608 и 2.609 метри надморска височина. Пескови претставува изразито каменест гребен со многу големи раздробени камени блокови и маси, како и помали камења, поради што има сиво-жолта песоклива боја, заради што најверојатно го добил и името Пескови.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Глетка кон врвот Пескови
- Поглед на Чаушица и гребенот на Пескови со Бистрички и Црн Врв во позадината
| Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |