Скакаличко Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скакаличко Езеро

Карта

Длабочина 1.60 м
Надморска висина 2.258 м
Планина Шар Планина

Скакаличко Езеро е едно од 27-те природни леднички (леднички) езера на Шар Планина. Сместено е на надморска височина од 2258 метри[1] на самото подножје под врвот Скакало според кој се нарекува целиот околен предел и шарски гребен. Езерото има длабочина од околу 1.60 метри. Водата е проѕирна, бистра и беспрекорно чиста но доста студена. Дното на езерото е целосно составено од тиња и песок, па поради малата длабочина од далеку езерото изгледа и има бела боја заради што од местното албанско население се нарекува и Jezeri i Bardh (Бело Езеро). Веднаш над самото езеро има силен и студен извор, а од езерото истекува Скакаличка Река која е лева притока на Пена и се влева во нејзиното горно изворишно подрачје помеѓу пределите Бабасаница и Рафша над селото Бозовце.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Топографска карта: лист Призрен 4-3 (Вешала), размер 1:25 000, Военогеографски институт, 1973