Караниколичко Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Голем Ѓол)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Караниколичко Езеро (Голем Ѓол)
Karanikola lake.jpg
Координати:
Површина: 26.240 м2
Должина: 590 м
Ширина: 115 м

Обем:

675 м
Длабочина: 5.60 м
Надморска висина: 2.190 м
Планина: Шар Планина

Караниколичко езеро или Голем Ѓол е првото и најголемо езеро од трите кои го носат името Ѓол на Шар Планина. Тоа е природно ледничко езеро кое се наоѓа на Караниколскиот простор на 2.300 н.м.в. Од него истекува Караниколска Река.

Одлики[уреди | уреди извор]

Глетка на Караниколичкото Езеро со Титов Врв во позадината, од врвот Караникола

Езерото е долго 590, а широко е 115 метри. Вкупниот обем му изнесува 675 m и има површина од 26.240 m². Длабоко е 5,60 метри. Се карактеризира со елипсовиден облик издолжен во правец од север кон југ, кој на источната страна има крива форма, а додека на западната е праволиниски. Има стрмни брегови. Езерото има многу подводни извори, кои се наредени најчесто еден до друг. Голем Ѓол нема притоки, туку својата вода ја добива исклучиво преку подводните извори. Највисок водостој езерото има во пролет.[1] Водата е млака, но не се карактеризира со беспрекорна чистина поради загадувањата што ги прави добитокот. Сепак заради длабочината, езерото има темносина и зеленкаста боја. Според потеклото и настанокот Караниколичкото Езеро е циркно односно има ерозивно-циркно потекло, односно тоа е настанато во преиздлабениот дел на циркот каде што започнале да се движат планинските мразници, при што тоа е најголемото циркно езеро на Шар Планина[2]. Поради пријатната топлина на водата и преубавите глетки на околината, во летниот период тоа е многу посетено од капачи, планинари, излетници и рибари.

Лековитост[уреди | уреди извор]

Познатиот југословенски научник и алпинист, а пред сè голем љубител на Шара Душан Кривокапиќ, испратил примероци на водата до републичкиот хигиенски завод со кое се дознало дека водата има слаба кисела реакција,[3] бидејќи pH вредноста снесувала 6,5, а од сувиот остаток и тврдоста се гледало дека водата е мошне мека. Поради самата реткот водата да има вредност под 7,0 pH, ова го прави езерото единствено во Република Македонија и едно од неколкуте на Балканот со таква ретка вредност.

Во тетовскиот крај, а особено жителите на селата Вешала и Бозовце водата ја сметаат за лековита која лечи ревматизам и очни заболувања.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 51
  2. Василески, Драган (1995). „Класификација на езерата во Р. Македонија“. Географски разгледи. 30: 75.
  3. Šar planina-Turističko-geografski prikaz predela i naroda, Autor: Dušan Krivokapić