Шарпланински куп

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шарпланински куп е спортска скијачка манифестација која се одржува секоја година на ски центарот Попова Шапка на Шар Планина.

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот Шарпланински куп е одржан во 1947 и со тоа е најстар меѓународен скијачки натпревар на Балканскиот регион. Во 1954 станува дел од FIS B натпреварите, додека од 1969 до 1986 е натпревар за Европски Куп во скијање. Поради губењето на статусот во 1986 година, во 1999 повторно се кандидита натпревар за Европски Куп.

Патеки[уреди | уреди извор]

Слаломот се вози на патеката Езерино и е долга 685 метри со височинска разлика од 198 м, додека патеката за велеслалом Орлова е долга 1.140 метри со височинска разлика од 390 метри.[1]

Победници[уреди | уреди извор]

Година Машка конкуренција Женска конкуренција
Име Земја Име Земја
1947 Петер Шикло  Унгарија Вида Катник  Словенија
1948 Тине Мулај  Словенија / /
1949 Марјан Вистер  Словенија / /
1950 Владо Вебер  Словенија /  Австрија
1951 Тине Мулај  Словенија Анелори Цукерт  Австрија
1952 Јанез Стефе  Словенија Пузи Франдал  Австрија
1953 Ернесто Оберајгнер  Австрија /
1954 Теди Ајнштус  Швајцарија Фини Штеклингер  Австрија
1955 Тине Мулај  Словенија
1956 Биро Михал  Романија Ханелори Баслер  Германија
1957 Воитех Будинел  Словенија
1967 Блаз Јакопиќ  Словенија Марија Клисурска  Бугарија
1969 Леополд Грубер  Австрија Гвистина Дамец  Италија
1970 Голо Габриеле  Италија
1971 Леополд Грубер  Австрија
1972 Јонах Книвасер  Австрија
1973 Кристијан Сотас  Швајцарија
1974 Вернер Фигл  Австрија
1975 Џузепе Платнер  Италија
1978 Леонардо Давид  Италија
1979 Александар Жиров  Русија
1980 Маурицио Пончет  Италија
1981 Александар Жиров  Русија
1983 Петер Лишер  Швајцарија
1986 Џероса Карло  Италија
1994 Рене Млекуз  Словенија
1996 Нана Матео  Италија
1997 Грегор Грлиќ  Словенија
1998 Миран Раутер  Словенија
1999 Грегори Гигние  Франција
2000 Стефан Георгиев  Бугарија Матеја Долничар  Словенија
2003 Александар Левет  Франција Марија Киркова  Хрватска
2004 Миха Малус[1]  Словенија
2005 Миха Малус[1]  Словенија
2006 Стефан Георгиев[2]  Бугарија
2009 Коси Клемен[2]  Словенија
2010 Франц Промок[3]  Австрија
2011 Томаж Велечич[2]  Словенија
2012 Грегор Брајович[2]  Словенија
2013 Миха Кирнер[4]  Словенија

Управа[уреди | уреди извор]

Извршен одбор[уреди | уреди извор]

Извршниот одбор брои 17 члена од кои:

Иницијативен одбор[уреди | уреди извор]

Овој одбор постои за повторнo да се реактивира купот, и за да го врати стариот сјај. Има 10 члена.

Награди[уреди | уреди извор]

Сите првоосвоени три места добиваат парична награда, а додека на првоосвоеното место му се доделува и куче Шарпланинец, како симбол на планината и маскота на купот. Покровител на купот е Претседателот на Република Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Мицковиќ, Миодраг (29 јануари 2011). „Шарпланинскиот куп ќе се одржи на 26 и на 27 февруари“. Утрински Весник. Посетено на 2011-02-24.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Самарџиев, Александар (27 февруари 2012). „Словенецот Брајович победи, а Дехари е трет“. Нова Македонија. Посетено на 2012-02-27.[мртва врска]
  3. Јовановски, Зоран (7 март 2010 18:41). „Промок победник на Шарпланинскиот куп“. А1. Посетено на 2011-02-24. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Миха Кирнер од Словенија севкупен победник на 40. Шарпланински Куп (резултати)“. Шара куп. февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-05-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]