Езерски Врв (Шара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Езерски Врв
Езерски Врв (Шар Планина) 03.jpg
Висина 2.580 м
Местоположба Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато

Езерски Врвпланински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Македонија. Висок е 2.580 метри.[1] Се наоѓа на главното било во почетниот дел на протегањето на главниот срт на Шар Планина, при што претставува шести врв, а често воопштено се смета како трет поглавен врв на Шар Планина од нејизното протегање од североисток по кое се протега и самата граница помеѓу Македонија и Косово чија линија минува на овој врв. Сместен е на гребенот наречен Езерско заедно со соседниот врв Езерска Чука на север-северо/исток, при што претсавува негова крајна точка/кота на југ-југозапад. Претставува карпест врв чија цела површина е покриена со сипар-камењар од големи кршени камења и карпи, од кои некои се многу климави и се клатат, поради што неговото искачување и стоење на него се доста тешки и опасни. Наречен е со името Езерски бидејќи од двете страни на неговите подножја се наоѓаат по две леднички езера и тоа Доброшките односно Горното и Долното Доброшко Езеро на македонската источна страна стран и убавото и длабоко Големо Јажинско Езеро и Мало Јажинско Езеро, додека и малку понастрана кон Езерска Чука се наоѓа и езерото Црн Вир на косовската западна страна. Езерски Врв претставува и јазолна точка од која на запад продолжува главното било и срт на Шар Планина со врвовите Чаушица, Пескови, Бистрица, додека веднаш од него кон југ се разгранува седлото Чаушички Срт кој го спојува со Доброшки Врв. Искачувањето на врвот води преку патека која од селото Јелошник се искачува на Доброшки Врв па од него преку Чаушички Срт стигнува до Езерски Врв. Во самото подножје веднаш до Долното Доброшко Езеро се кампува првата вечер на планинарската Западна македонска трансферзала, по што веднаш утрото на вториот ден се започнува со искачување на Езерски Врв.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година