Челепински Врв
Изглед
| Челепински Врв | |
|---|---|
Поглед на Челепински Врв непосредно од север | |
| Висина | 2.554 м |
| Место | |
| Венец | Шар Планина |
| Прво освојување | непознато |
Челепински Врв — планински врв на Шар Планина висок 2.554 метри. Се наоѓа во предлот наречен Челепино кој е сместен по сртот на главното шарпланинско било на кое се наоѓа границата меѓу Македонија и Косово, непосредно во западен правец над Боговињското Езеро. Самиот врв се наоѓа на карпест гребен чија надморска височина се движи помеѓу 2544 и 2487 метри. На север од него по сртот се наоѓа гребенот со врвовите Трапезица и Џинибег, додека кон југ продолжува и се поврзува со Рудока со разгранување кон Бориславец (Брустовец) на југоисток. Во негова близина постојат силен извор со двете Челепински езера.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на Челепинскиот Врв и источната падина на гребенот Челепино
- Поширок поглед на Челепински Врв и гребенот Челепино
- Поглед кон Челепино од Боговињското Езеро