Трпезница

Координати: 41°57′13″N 20°46′02″E / 41.9536° СГШ; 20.7671° ИГД / 41.9536; 20.7671
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Трапезица)
Трпезница
Поглед на Трпезница од север
Највисока точка
Надм. вис.2.590 м
Координати41°57′13″N 20°46′02″E / 41.9536° СГШ; 20.7671° ИГД / 41.9536; 20.7671
Географија
Трпезница на карта

Карта

МестоТетовско, Македонија
Гора, Косово
Матичен венецШар Планина
Поглед на Трапезница од југ

Трапезица — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Македонија, на границата со областа Гора, Косово. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.599 метри. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина и претставува точката во која се поврзуваат главниот шарпланински срт и разгранувањето на кое се наоѓаат највисоките шарски врвови Титов (Шар), Мал Турчин, Бакардан и тризрачната круна со Плат, Среден Камен и Кривошија (Чичко Јосиф/Безимен), односно токму тој го претставува јазолот кој го поврзува целиот шарпланински масив, издигнувајќи се над изворите и долините на Пена, Смрека и убавото ледничко Бело Езеро кое што се наоѓа веднаш под самиот врв од источна страна.


Врвот Трпезница има многу интересен и забележителен изглед со долг и потсечен рамен врв, кој потсетува на трпеза, односно потполно има изглед како трапез. На западната страна врвот завршува со карпест предел над кој штрчат неколку карпести изданоци налик на порта, низ кои минува патеката на Западната македонска трансверзала, чиишто учесници редовно прават групни слики на „портата на Трпезница“. Патеката за искачување води од планинарски дом Смрека (1.800 мнв) - движење по Вакфска патека - Извори на река Смрека- извори на река Пена – врв Џинибег (2.610 мнв) и врв Трпезница (2.590 мнв)[1], при што таа е долга околу 30 км и се пешачи 10-11 часа, со што спаѓа во категорија среднотешка. Од врвот се пружа прекрасна глетка на Белото и Боговинското Езеро и голем број на шарски врвови меѓу кои Титов (Шар), Мал Турчин, Бакардан, Бориславец, Рудока, Челепино, висорамнината Шутман, долината на Пена и Полог.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шаревски, Марио (2021). Планински врвови во Македонија. Скопје: Единствена Македонија. стр. 64–65. ISBN 978-608-66336-2-2.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]