Бозовце
| Бозовце | |
Воздушен поглед на селото | |
| Координати 42°3′11″N 20°49′41″E / 42.05306°N 20.82806°E | |
| Регион | |
| Општина | |
| Област | Долен Полог |
| Население | 174 жит. (поп. 2021)[1] |
| Пошт. бр. | 1217 |
| Повик. бр. | 044 |
| Шифра на КО | 28004, 28504 |
| Надм. вис. | 1.360 м |
Бозовце — село во Општина Тетово, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]
Името на селото првпат е споменато во документи од XIV век (1348 г.). Името на селото се поврзува со растението боз, но исто така и со топонимот Бозово.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова село се наоѓа во областа Долен Полог, односно под југоисточната падина на Шар Планина, а на западната страна на територијата на Општина Тетово, чиј атар се допира со државната гранична линија со Косово.[4] Селото е планинско, на надморска височина од 1.360 метри. Од централното место Тетово, селото е оддалечено 16 километри.[4]
Бозовце е сместено во долината Лешница на Шар Планина. На исток граничи со селото Вешала и неговиот атар. Растојанието помеѓу Бозовце и Вешала е 2 км по асфалтен пат. На југ граничи со Општина Боговиње, поточно со атарите на селата Јеловјане, Урвич и Ново Село. На запад граничи со Република Косово.
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1209 пред селото Шипковица.
Селото се наоѓа во внатрешноста на Шар Планина, во долината на реката Пена. Бозовце е сместено на левата страна од долината и на граница помеѓу пашата над куќите и нивите под куќите. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од селските чешми (Крој Мемишит, Крој Селманит), како и од изворите во атарот на селото (Козарица, Равштина, Извор).[5]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Козарица, Језер, Батакиште, Баба Станица, Ѓури Куч (Црвен Камен), Ливаде, Ограде, Суљерец, Воре (Гробишта), Селиште, Јеленица, Душнела, Говедарник, Карпа, Каменишта и Џаравајца.[5]
Селото има збиен тип и е поделено во осум маала. Маалата се близу едно до друго, па нивните граници не се гледаат јасно. Во секое маало живее по еден род, па затоа нивните имиња се како родовските.[5]
Куќите во селото биле изградени од камен (сост. 1948 г.), а покривите им биле од плочи. Покрај куќите се наоѓале плевни, кои биле покриени со слама.[5]
Историја
[уреди | уреди извор]Под името Бозовци селото е споменато во 1348 година, а втор пишан траг за селото е во турски документи. Тогаш, селото се наведува во поменикот на манастирот Матка кај Скопје.[5]
Денешните жители на Бозовце се муслимани по потекло од Северна Албанија. Нивните предци тука дошле на почетокот на XIX век. Тие не знаат или не кажуваат дали нивните предци затекнале постаро македонско население. Но, по зачуваното словенско име на селото, како и по некои словенски топоними, јасно може да се види дека имало континуитет помеѓу доселените Албанци и иселените Македонци.[5]
По едно кажување запишано во соседните села, старинците на Бозовце имале куќи на местото наречено Селиште. Тоа се наоѓа покрај денешното село на патот за соседното село Вешала. На Селиште се наоѓа позната чешма Крој Чупит.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]
Атарот на селото е мошне голем и зафаќа површина од 56,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 3.559,4 хектари, на шумите отпаѓаат 1.123,5 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 506,8 хектари.[4]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[4]
Согласно 2022 година, Бозовце има места кои нудат угостителски услуги со традиционално подготвена храна.[6] Селото има продавница, согласно 2020 година.[7]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бозовце имало 330 жители, сите Албанци.[8]
Според статистиките од 1929 година, селото споменато како Бозовец припаѓало во Селечката општина со средиште во Шипковица и има 73 куќи со 472 жители Албанци.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.[10]
Иако селото е високо лоцирана, тоа е големо, што е поредок случај. Во 1961 година селото броело 837 жители, од кои 754 биле Албанци и 64 жители Турци, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 1.012 жители, од кои 998 се Албанци и четири жители Турци.[4]
Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Бозовце, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Бозовце живееле 924 жители, од кои 1 Македонец, 921 Албанец и 2 останати.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 174 жители, од кои 137 Албанци, 1 останат и 36 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
| Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 330 | — | 695 | 759 | 837 | 1.092 | 1.053 | 0 | 1.012 | 924 | 174 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови
[уреди | уреди извор]Денес, во Бозовце живеат муслимански Албанци, кои се доселиле во селото на почетокот на XIX век.[5]
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
- Доселеници: Алилар (25 к.) и Укалар (25 к.), доселени се од Љусна во денешна Северна Албанија, поради што и двата рода имаат заеднички име Љусњан и се сметаат за најрани доселеници во селото. Од Љусна дошле браќата Алил и Уко (Јакуп). Во родот Алилар се знае следниов родослов Весел (жив, 47 години во 1948 г.)-Дестан-Весел-Азис-Алил, еден од браќата кои се доселиле. За родот Укалар пак е следниов родослов: Ешреф (жив, 80 години во 1948 г.)-Јакуп-Зибер-Јакуп, кој се доселил со Алил. Секој род има свое маало; Чајан (11 к.), доселени се од областа Љума во северна Албанија. Името го добиле по местото од каде дошле. Дошле веднаш после првите два рода и имаат свое маало; Велки (16 к.), доселени се од селото Топојане во Љума, северна Албанија. Името го добиле по основачот Велија. Во селото имаат истоимено маало; Стрезњан (12 к.), доселени се од местото Стреза во Малесија, северна Албанија. Тука живеат откога и другите родови; Одалар (7 к.), доселени се од местото Орѓуше во северна Албанија. Името го добиле по некој предок Ода; Фанци (9 к.), доселени се од Фанде во северна Албанија. На старото место имале двајца предци, кои биле браќа и биле католици. Подоцна, едниот брат преминал на ислам и се доселил во Бозовце, додека братот католик останал во Албанија. Тие живеат во селото од средината на XIX век и го знаат следниот родослов: Далиф (жив, 30 години во 1948 г.)-Дестан-Далиф-таткото на Далиф и Брајче (10 к.), доселени се од Малесија во северна Албанија околу 1860 година. Го знаат следниов родослов: Нурдин (жив, 60 години во 1948 г.)-Азис-Нурдин, кој се доселил со синовите.
Како најстари албански родови во селото Бозовце се споменуваат двата рода: Алиалар (25 к.) и Укалар (25 к.). По потекло се од Љума (во денешна северна Албанија), а овде живеат од почетокот на XIX век.[17]
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од селото имало иселеници од поединечните родови. Родот Алил Бозовце (4 к.) заминал во Голема Речица. Од родот Алиалар три семејства заминале во Тетово, додека од родот Укалар две семејства заминале во Тетово и пет семејства заминале во Турција. Три семејства од родот Стрезњан заминале во Турција, додека од родот Брајче две семејства заминале во Тетово.[5]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- ПУ „Беса“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение[7][18]
- Амбуланта[7]
- Основното училиште
- Амбулантата
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Бозовце било село во Тетовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Тетово, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Шипковица.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Тетово во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Шипковица, во која покрај селото Бозовце, се наоѓале и селата Бродец, Вејце, Вешала, Гајре, Лисец, Селце и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Вешала, во која влегувале селата Бозовце и Вешала.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2085 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[19]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 957 гласачи.[20] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 936 гласачи.[21]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
- Џамии[23]
- Џамија — главна селска џамија
- Природни облици
На два километра од селото се наоѓаат познатите шарпланински езера Голем, Мал и Црн Ѓол (Караниколички Езера).
- Лешница — долина во која е сместено селото;
- Бозовачко Eзеро — ледничко езеро југозападно-западно од Бозовце;
- Пена — месно нарекувана Бозовска Река, река која тече низ Лешница и Бозовце;
- Лешничка Река — притока на Пена;
- Кривошијска Река — притока на Пена;
- Кривошијски Водопад — водопад во горното течение на Кривошијска Река; и
- Кривошијско Езеро — ледничко езеро југозападно од Бозовце.
- Споменици
- Спомен-плоча за Фадиљ Сулејмани во дворот на селското училиште
- Џамијата
- Караниколичко Езеро (или Голем Ѓол)
- Долината Лешница
- Бозовачко Езеро или Сорупа
- Пена кај селото
- Спомен-плочата
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Илирски карневали — традиционален настан во март[24]
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во или по потекло од Бозовце
- Фадиљ Сулејмани (1940-2013) — политичар и пратеник
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селски гробишта
- Бозовце гледано од север
- Сретсело
- Куќи во селото
- Селска чешма
- Традиционална куќа
- Селски гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „с. Бозовце – Долна Лешница – Кривошијски Водопад“. turnimedakinisam.mk. Архивирано од изворникот 2023-07-28. Посетено на 28 јули 2023.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 63. ISBN 978-608-220-026-2.
- 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 33. Посетено на 13 октомври 2025.
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 361-362.
- ↑ „Бозовце: Нова гастро дестинација“. kajak.mk. 31 декември 2022. Архивирано од изворникот 2022-11-02. Посетено на 28 јули 2023.
- 1 2 3 „Бозовце: Заборавено од локалните власти, селото забрзано се празни“. meta.mk. 13 март 2020. Архивирано од изворникот 2020-03-30. Посетено на 28 јули 2023.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 211.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 24.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 октомври 2025.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 11 стр.
- ↑ Сенад Зилбехари (5 март 2023). „ОУ „Беса" се преместува во Мала Речица – во Вешала и Бозовце порано имаше 400 ученици, сега има само 25“. tv21.tv. Архивирано од изворникот 2023-03-07. Посетено на 28 јули 2023.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2025.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Наследство - 3 Обичаи“. НП Шар Планина. Посетено на 2025-10-13.
- Забелешки
- ↑ Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||||||


