Фалише

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фалише
Фалише is located in Македонија
Фалише
Местоположба на Фалише во Македонија
Координати 41°58′48″N 21°00′25″E / 41.98000° СГШ; 21.00694° ИГД / 41.98000; 21.00694Координати: 41°58′48″N 21°00′25″E / 41.98000° СГШ; 21.00694° ИГД / 41.98000; 21.00694
Регион Долни Полог
Општина Општина Тетово
Население 546 жит.
(поп. 2002)
Commons-logo.svg Фалише на Ризницата

Фалише е село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Фалише се наоѓа во Долни Полог, 7 км источно од Тетово, на левиот брег на реката Вардар.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото Фалише е старо село. Во средниот век (1337-1346 година), во хрисовула на Тетовскиот Манастир се споменува како Хвалише.[1] Најстарото село се наоѓало на местото Старо Фалише, на патот за Скопје.[1] Некои од жителите го формирале новото село, а потоа поради зулуми старото село било раселено. За време на турското ропство населбата станала чифчиска, а во 1917 година земјата нагло била распродадена на жителите.[1]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 30 семејства, 1 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[2]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Фалиша е село во Желинска општина (со центар во Сараќино) и има 16 куќи и 207 жители, Македонци и Албанци.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 546 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 519
Турци 0
Роми 0
Албанци 19
Власи 0
Срби 7
Бошњаци 0
Други 1

Родови[уреди | уреди извор]

Фалише е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1940тите родови во селото се:

  • Македонски: Коачовци (8 к.) доселени се од кичевско. Се делат на Трпевци, Војновци и Симуновци. Родот го основале тројца браќа Трпе, Војне и Симун. Ја знаат следната генеологија Петре (жив на 70 год. во 1940тите) Зако-Трпе, еден од браќата кои се доселиле; Ванчевци (2 к.) доселени се од селото Сушица, Порече. Ја знаат следната генеологија Ѓорче (жив на 40 год. во 1940тите) Трпе-Стојан-Ване, предокот кој се доселил; Велешани (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Сараќино, подалечно потекло од велешко. Овде се викаат и Мартиновци; Петревци (2 к.) доселени се во 1917 година од селото Старо Село, Порече; Апостоловци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Радиовце; Горанци или Стојчевци (3 к.) доселени се од селото Горанце кај Качаник; Урдовци (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Могилец, Порече; Петковци (4 к.) доселени се во 1928 година од селото Растеш, Порече; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Рогачево; Димовци (1 к.) доселени се од селото Јажинце; Ѓорчевци (1 к.) доселени се од селото Одри, подалечно потекло имаат од битолско; Милошевци (1 к.) доселени се од селото Манастирец, Порече.
  • Албански: Маршиновци (2 к.) доселени се од селото Горно Јеловце. Подалечно потекло од Љума.[1]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Црквата „Св.Атанасиј“
Цркви

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ф. Трифуноски, Јован (1976) (на српски). Полог: антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. стр. 430. 
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.367
  3. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]