Вејце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вејце е село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Вејце
Vejce Vilage in the region of highland of Sharra -Tetovo Rep.Of Macedonia.jpg
Вејце is located in Македонија
Вејце
Местоположба на Вејце во Македонија
Координати 42°4′58″N 20°55′30″E / 42.08278° СГШ; 20.92500° ИГД / 42.08278; 20.92500Координати: 42°4′58″N 20°55′30″E / 42.08278° СГШ; 20.92500° ИГД / 42.08278; 20.92500
Општина Општина Тетово
Население 1127 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1443 м
Commons-logo.svg Вејце на Ризницата


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) под името Вич со 70 семејства, 2 неженети и 5 вдовици, сите христијани.[1]*Масакрот кај Вејце - На 28 април 2001 година, комбинираната патрола, составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Единицата за специјални намени „Волци“ при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу 20 часот. Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17:45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид на потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот живи биле запалени.[2]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.127 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 1
Турци 0
Роми 0
Албанци 1 114
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 12

Родови[уреди | уреди извор]

Вејце е албанско село.

Според истражувањата од 1940тите родови во селото се:

  • Албанизирани родови: Укалар (3 к.), Адилалар (3 к.), Мусас (2 к.), Бучки (3 к.), Џаке (1 к.), Ушка (9 к.), Демиролар (3 к.) и Торбе (10 к.) порано зборувале македонски. но мешајќи се со Албанците се албанизирале. Доселени се од Љубиње, кај Средска и други блиски места во Косово.
  • Албански родови: Јерли или Османолар (16 к.), Ќаче (6 к.), Меица (6 к.), Поте или Поталар (19 к.), Топојан (2 к.), Велија или Оџа (2 к.) и Пече (1 к.) сите се доселени од разни места во северна Албанија.[4]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Мурат Бафтијари (1918 - 19 септември 1944) - македонски партизан;
  • Хисен Џемаили (р. 9 февруари 1976) - македонски политичар, пратеник во Македонското собрание и поранешен командант на ОНА, обвинуван за учество во терористички акции;[5][6]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Пред да биде албанско селото, тоа било македонско православно. Сега се знае за православни иселеници во Призрен, Косово. Од муслиманите иселеници има во Тетово, Турција.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.373
  2. "МАСАКРИТЕ ОД 2001 ГОДИНА НЕ СМЕАТ ДА СЕ ЗАБОРАВАТ И ДА ИМ СЕ ПРОСТАТ НА "КРТОВИТЕ-ПРОКЛЕТНИЦИ"" (македонски). Македонско Сонце. 17.11.2006. конс. 2012-01-01. 
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. 4,0 4,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ. 
  5. "ХИСЕН ЏЕМАИЛИ" (македонски). Собрание на Македонија. конс. 2012-01-01. 
  6. Хисен Џемаили нуди куќа за слобода“, Дневник, 8 јануари (посет. 1 јануари 2012 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]