Прејди на содржината

Мурат Бафтијари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мурат Бафтијари
Роден(а)1918
Вејце, Тетовско
Починал(а)19 септември 1944
Беличица, Гостиварско
НационалностМакедонски Албанец
Занимањепартизан

Мурат Бафтијари (албанскиː Murat Baftijari; 1918, Вејце, Тетовско - 19 септември 1944, Беличица, Гостиварско) — македонски партизан.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Бафтијари е роден во 1918 година во тетовското село Вејце, Тетовско. Бил сиромашен земјоделец. Неговото семејство од 1943 година активно ја помагало народноослободителната борба. Во близина на неговото село била базата на тетовските партизани. Бафтијари, заедно со група свои соселани особено се истакнувал во снабдувањето со храна на Вториот и Третиот тетовски партизански одред, како и во вршењето курирски задачи меѓу партизанската база и комунистичката партиска организација во Тетово. Во почетокот на септември му пристапил на Третиот тетовски одред. Беличица била неговата прва и последна битка. Починал на 19 септември 1944 година. Убиен бил од страна на балистичките банди. Неговиот труп најпрво го газеле и плукале, скокале врз него, го удирале со камења, потоа со ножеви му го касапеле телото, дел по дел, за најпосле во веќе мртвото тело да испукаат цел куп куршуми. Во Тетово една улица го носи неговото име.

  1. Здравко Савески, Мариглен Демири; НАЦИОНАЛИЗМОТ ВО(Н) КОНТЕКСТ -Соработката на Албанците и Македонците од Илинденското востание до Народноослободителната војна, Левичарско движење Солидарност, Скопје, 2014

Поврзано

[уреди | уреди извор]