Фадиљ Сулејмани
Фадиљ Сулејмани (албански: Fadil Sulejmani; Бозовце, Тетовско, 5 декември 1940) — македонски политичар. Тој е првиот ректор на Тетовскиот универзитет.
Животопис
[уреди | уреди извор]Сулејмани е роден во 1940 година во тетовското село Бозовце. Тој и станува познато на јавноста во 1995 година кога се обидува да отвори универзитет на албански јазик во Македонија[1]. После големи превирања, Сулејмани е уапсен, а универзитетот функционира во илегала. Подоцна станува член на партијата на Али Ахмети, ДУИ и влегува во македонскиот Парламент како пратеник[2]. По извесно време поради недогласувања во работата на партијата, се повлекува од истата и делува како независен пратеник[3]. За време на своето ректорување на ДУТ, тој е обвинуван за низа незаконитости во вршењето на функцијата, меѓу кои најпозната е таа дека неговиот син за четири месеци положил 23 испити и дипломирал на Факултетот за хуманистички науки.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Glasnik na Институтot za nacionalna istorija (41. изд.). Скопје: Институт za nacionalna istorija. 1997.
- ↑ „Пратенички состав 2006 - 2008“. Собрание на Македонија. Посетено на 2011-02-07.
- ↑ Галевска, Елизабета (25 октомври 2006 00:00). „Фадил Сулејмани се повлекува од ДУИ“. А1. Посетено на 2011-02-07. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Јовановска, Билјана (31 октомври 2006). „Синот на Фадил Сулејмани за четири месеци положил 23 испити и дипломирал“. Утрински Весник. Посетено на 2011-02-07.