Али Ахмети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Али Ахмети
Ali Ahmeti
Ali Ahmeti.jpg
Прекари командант Абаз
Држава UCK KLA.png ОВК
Ushtria Clirimtare Kombetare.jpg ОНА
Битки/војни Воен конфликт во Македонија, 2001
DUI.png
Претседател на ДУИ
DUI.png
На должноста
2002 – во служба
Лични податоци
Националност Албанец
Партија ДУИ

Али Ахмети (албански: Ali Ahmeti; роден на 4 јануари 1959 во село Зајас) е лидер на Демократската унија за интеграција. Претходно бил политички лидер на ОНА. Има забрана за влез во САД, Швајцарија и други европски земји, бидејќи се смета за закана по општата безбедност.[1]

Ахмети завршил литература во Тирана. Во 1980 станал член на илегалната организација „Марксисти-ленинисти на Косово“. На 5 мај 2002 во Домот на културата во Тетово, ја промовирал политичката партија ДУИ, составена главно од поранешни команданти на ОНА, на чија како единствен кандидат е избран за претседател. Членови на Централното претседателство на партијата се Гзим Острени, Азис Положани, Ризван Сулејмани, Хазби Лика, Хисни Шакири, Теута Арифи, Муса Џафери, Назми Бекири и Рафис Халити.

На Ахмети му била дијагностицирана шизофренија од страна на психијатри во Швајцарија, поради што и беше прогласен за неспособен за труд.[2]

Одлежал две години затвор за „противуставна дејност“ во Македонија.

Голем дел од етнички македонските граѓани на Македонија го сметаат за терорист и одговорен за злосторствата над 12 киднапирани Македонци во Тетовско, работниците на Маврово, масакр кај Карпалак, масакр кај Вејце, исклучување на водата за пиење за Куманово од браната Глажња. По случајот на 12 киднапирани Македонци од Тетовско, адвокатот Ванчо Шехтански побарал притвор и кривично гонење на Али Ахмети.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jean - Marc Balencie, Arnaud de la Grange, L’encyclopedie des acteurs, conflicts, violences politiques, Paris, 2001
  2. SonntagsBlick, Switzerland, issue September 29, 2002
    ALI AHMETI L'ex-leader de l'UÇK va entrer dans le gouvernement macédonien. Jugé «paranoïaque et schizophrène» il avait obtenu en Suisse une rente d'invalide, Le Matin, Lausanne, Switzerland, issue September 30, 2002, page 5, author: Victor Fingal
    Swiss People's Party website for Kriens municipality
    "Vest" daily newspaper, No. 672, October 4, 2002, Skopje, Republic of Macedonia