Ванчо Шехтански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ванчо Шехтански (роден во Скопје на 26 март 1972 година) е македонски политичар и претседател на ТМРО, македонска политичка партија со десна ориентација. По занимање е адвокат. Познат е како правен застапник на семејствата на 12 киднапирани Македонци од Тетовско за време на воениот конфликт во 2001 година, за што тој побара апсење и кривична пријава за претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Во 2009 година е назначен за прв директор на Агенцијата за управување со одземен имот, а од септември 2010 е директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.[1]

Бил и претседател на ФК Вардар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Државен инспекторат за локална самоуправа