Хазби Лика
| Хазби Лика | |
|---|---|
| Вицепремиер за Рамковниот договор | |
| На должноста 1 јуни 2017 – 26 јуни 2019 | |
| Претседател | Ѓорге Иванов |
| Премиер | Зоран Заев |
| Градоначалник на општина Тетово | |
| На должноста 2005 – 2009 | |
| Наследник | Сади Беџети |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 19 април 1972 Тетово, СР Македонија |
| Националност | Албанец |
| Партија | ДУИ |
| Установа | универзитет во Приштина |
| Професија | доктор по филолошки науки |
| Вероисповед | ислам |
| Воена служба | |
| Род | |
| Битки/војни | Косовска војна Воен конфликт во Македонија, 2001 Масакр кај Вејце |
Хазби Лика (албански: Hazbi Lika; Тетово, 19 април 1972 ) — македонски политичар, поранешен член на терористичка ОВК и ОНА и поранешен градоначалник на Тетово. На 27 јуни 2003 бил назначен на местото заменик министер за внатрешни работи.[1]
Лика бил командант во Тетовско за време на конфликтот во 2001 година и е едно од имињата од ОНА што најмногу се споменуваа дека стојат зад масакрот на македонските безбедносни сили во Вејце.[2] Лика бил командант на 112. бригада на ОНА.[3] Бил градоначалник на Тетово од 2005 до 2009 година.[4]
Според „Нова Македонија“, Лика ја оштетил општина Тетово за три милиони евра додека раководел со неа.[5] Тој денес е член на ДУИ и претседател на партискиот огранок во Тетово. Во 2017 бил именуван за вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор во владата на Зоран Заев.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пратенички состав: Хазби Лика“. Sobranie.mk. 2003. Посетено на 2015-06-06.
- ↑ „За бранителите апс, за џелатите власт“. Дневник. 18 март 2006. Посетено на 2015-06-06.
- ↑ „Хазби Лика ја знае судбината на киднапираните Македонци“. Дневник. 18 март 2006. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-06-06.
- ↑ „Превирања во ДУИ пред конгресот“. Нова Македонија. 23 ноември 2009. Архивирано од изворникот на 2009-11-27. Посетено на 2015-06-06.
- ↑ „Хазби Лика ја оштетил општината Тетово за три милиони евра“. Нова Македонија. 28 мај 2009. Посетено на 2015-06-06.[мртва врска]