Драган Тевдовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драган Тевдовски
Министер за финансии
На должноста
1 јуни 2017 – во служба
Премиер Зоран Заев
Претходник Кирил Миноски
Лични податоци
Роден(а) 21 јануари 1979 (1979-01-21) (40 г.)
Скопје, СР Македонија
Партија СДСМ
Деца 3
Установа Св. Кирил и Методиј
Професија економист

Драган Тевдовски (21 јануари 1979 во Скопје) — македонски економист, универзитетски професор и министер за финансии во македонската влада од 2017. Средно училиште завршил во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а своевремено настапувал за младинската школа на ФК Вардар и за кадетската репрезентација на Македонија. Магистрирал статистичка анализа на економскиот факултет при универзитетот во Белград во 2006 година со просек 10, а во 2010 станал доктор по економски науки на економскиот факултет во Скопје. На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се вработил во 2002 година како асистент, а од 2015 работи како вонреден професор на катедрата за математика и статистика. Тевдовски е автор на два универзитетски учебници и на околу 45 научни трудови објавени во престижни научни списанија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Кирил Миноски
Министер за финансии
1 јуни 2017 - во служба
Наследник
-