Самка Ибраимовски
Самка Ибраимовски | |
---|---|
Пратеник во македонското Собрание | |
На должноста 25 јуни 2011 – 10 мај 2014 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 27 септември 1954 Тетово, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | македонски Ром |
Партија | ПЦЕР |
Установа | Факултет за менаџмент |
Занимање | стопанственик |
Самка Ибраимовски (27 септември 1954 во Тетово) — македонски политичар од ромско потекло и претседател на политичката партија ПЦЕР. Ибраимовски дипломирал на Факултетот за менаџмент во Нови Сад, а во периодот 2011–2014 бил пратеник во Собранието на Република Македонија.[1] По парламентарните избори во 2016 тој станал министер без ресор во владата на Зоран Заев. Во декември 2017 година Ибраимовски поднел оставка од функцијата.[2]
Ибраимовски како млад бил тапанар во музичката група „Инекси“ од Тетово, а негов брат е пејачот Ибуш Ибраимовски. Пред да влезе во политиката Ибраимовски бил директор на тетовската фабрика за производство на мебел и садови „Униус промет“.[3] Во периодот 2004–2006 тој бил заменик на министерот за труд и социјална политика.
Оваа статија македонски политичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Пратенички профил на Самка Ибраимовски Собрание на Република Македонија
- ↑ Ибраимовски си поднесе оставка, на повидок реконструкција на владата Архивирано на 14 декември 2017 г., телевизија Канал 5 14.12.2017
- ↑ Тапанистот стана успешен стопанственик[мртва врска] Утрински Весник
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|