Зоран Ставрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Зоран Ставревски)
Зоран Ставрески
Министер за финансии
На должноста
8 јули 2009 – 14 јуни 2016
Премиер Никола Груевски
Емил Димитриев
Претходник Трајко Славески
Наследник Кирил Миноски
Вицепремиер
На должноста
28 август 2006 – 14 јуни 2016
Лични податоци
Роден(а) 29 октомври 1964
Охрид, СР Македонија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Професија економист
Вероисповед православен христијанин

Зоран Ставрески (29 октомври 1964 во Охрид) — министер за финансии во периодот 2009 — 2016 година.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирал на економскиот факултет во Скопје во 1987 година, а магистрирал 1997 година на истиот факултет на тема „Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти - случајот на Република Македонија“.

Ставрески зад себе има десетгодишно искуство во развојни политики, со фокус на јавниот сектор и макроекономска политика и петгодишно практично искуство на дијалог и економска соработка меѓу меѓународните финансиски инститиуции и развојните организации и Македонија.

Пред да стане член на владата на Никола Груевски работел во Светската банка, каде од февруари 2006 година бил водечки економист за развојни политики во одделението за операциони политики и услуги за земјите членки. Од јули 2009 година, по разрешувањето на дотогашниот министер за финансии Трајко Славески, бил избран за министер за финансии.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „vicepremier.gov.mk“. Архивирано од изворникот на 2014-09-15. Посетено на 2021-08-12.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Трајко Славески
Министер за финансии на Македонија
8 јули 200914 јуни 2016
Наследник
Кирил Миноски