Сади Беџети
| Сади Беџети | |
|---|---|
| Градоначалник на Општина Тетово | |
| На должноста 2009 – 2013 | |
| Претходник | Хазби Лика |
| Наследник | Теута Арифи |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 1 ноември 1957
Лисец, НР Македонија, ФНРЈ |
| Националност | Македонец |
| Народност | Албанец |
| Партија | ДПА |
| Установа | Универзитет во Приштина |
| Вероисповед | ислам |
Сади Беџети (Лисец, Тетовско 1 ноември 1957 ) — македонски универзитетски професор, ректор на Тетовскиот универзитет и градоначалник на Општина Тетово во периодот 2009-2013.
Животопис
[уреди | уреди извор]Беџети е роден на 1 ноември 1957 година во тетовското село Лисец. Основно образование завршил во Речица, Тетовско, во периодот од 1964 до 1972 година. Средно образование го усовршувал во тетовската гимназија во текот на периодот 1972-1976, додека во 1981 година, тој дипломирал на Медицинскиот факултетот во Приштина. Во 1987 година, тој докторирал во Заводот за анатомија „Драго Перовиќ„ при Медицинскиот факултет во Загреб. На Приштинскиот факултет почнал да работи како асистент, се унапредил во доцент и врвот го достигнал како професор во 2000 година, каде потоа заминал во Тетово и учествува во основањето на Државниот универзитет во Тетово. Во периодот до 2000 година, тој бил декан на Медицинскиот факултет на Тетовскиот универзитет.[1] Во 2007 година, тој станал ректор на Универзитетот во Тетово и во 2009 година, тој станал претседател на меѓууниверзитетска конференција на Македонија.[2] На локалните избори во 2009 година, како кандидат на ДПА, Беџети влегол во вториот круг и станал градоначалник на Општина Тетово[3]. При Фармацевтскиот факултет на ДУТ, тој ги предавал предметите Анатомија на човекот и хистологија со ембриологија на човекот.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- „Односите помеѓу ендопластиката и модуларното организирање на енториналната ареја кај човекот“ Магистерски труд, Факултет за природно математички науки во Загреб , во 1985.
- „Цитоархитектонска организација на станичните колумни на енториналниот коретес на човекот“ ("Citoarhitektonska organizacija staničnih kolumni was entorinalnom korteksu čovjeka"). Докторска теза, Медицински факултет, Универзитет во Загреб, 1987.
- „Топографските односи на цистична артерија„ . Praxis Medika, 24 (1983) 1:9-17. (соавтори: Вела А., Бехлули И.)
- „Односите на А хепатити и нивното клиничко значање“. Praxis Medika, 26 (1984) 11:3-11 (соавтори: Вела А., Бехлули И., Нурај Б)
- “Hemispheric asymmetry, modular variability and age related changes in the human entorhinal cortex”. Neuroscience (2004, соавтори Simić G., Kelovič Z., Kos M., Grbić K., Hof P.R., Kostović I).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Блажевска, Маја (15 март 2007). „Сади Беџети избран за ректор на Тетовскиот универзитет“. А1. Посетено на 2009-11-04.
- ↑ Тркалезна маса – меѓууниверзитетска конференција “Реформите во високото образование – трендовите и предизвиците” 31 јули 2009
- ↑ „Мртва трка“. Deutsche Welle. 30 март 2009. Посетено на 2009-11-04.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Биографија на градоначалникот - Проф. Д-р Сади Беџети Архивирано на 9 октомври 2009 г. (mk.al.en.)