ОУ „Симче Настевски“ - Вратница

Од Википедија — слободната енциклопедија
ООУ „Симче Настевски“ - Вратница

Место
Општина: Јегуновце
Нас. место: Вратница
Адреса: 1225 Вратница, Општина Јегуновце
Местоположба
Основни информации
Основано: 1893
Директор: Дијана Петровска
Број на ученици: 252
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место ousimcenastovski.weebly.com/
Телефон 044/451-008

Основно училиште „Симче Настевски“ — единствено основно училиште во селото Вратница, во Општина Јегуновце, Македонија. Училиштето е сместено во средишниот дел на селото.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски партизан и првоборец од НОБ, кој бил од овој крај, Симче Настевски, кој загинал во 1943 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Училиштето постои од 1893 година и има долга и богата традиција. Од 1981 година во училиштето се образуваат и деца со лесни пречки во психичкиот развој во посебни паралелки, а кои престојуваат во училишниот интернат.

Подрачни училишта[уреди | уреди извор]

Во рамките на општинското основно училиште „Симче Настевски“ се наоѓаат и пет подрачни основни училишта. Сите подрачни училишта се петгодишни, освен подрачното училиште во селото Јажинце кое е деветгодишно. Овие училишта се:

Организација[уреди | уреди извор]

Во учебната 2013/2014 година биле запишани вкупно 252 ученика распоредени во 25 паралелки.